Ердоган ја води Турција во изолација
22 март 2014Само неколку часа по заканата на Ердоган дека ќе го исклучи Твитер, без обѕири за загубите и реакциите во странство - неговите исполнителни помошници поведоа краток процес против во Турција многу популарната социјална мрежа Твитер. Меѓутоа религиозно-конзервативниот премиер, кој поради обелоденувања на повеќе корупциски скандали е многу налутен, мора околу себе да собрал посебно неспособни советници. По блокирањето, голем број од околу дванаесет милиони турски корисници на Твитер користеа пренасочување за да стигнат до Твитер.
Речиси една недела пред локалните избори во целата земја, кои се многу важни за неговата политичка иднина, Ердоган е на крај на нервите. Постојано нови прислушувани телефонски разговори со експлозивни содржини, откриени корупциски скандали и очигледно сѐ поголемо распаѓање на владиниот фронт го наведоа Ердоган на еден дигитален обид за самоубиство. Притоа толку се пресмета за влијанието на неговото диктаторско афектирано однесување, што дури стана цел на критика и на претседателот Абдула Ѓул, и тоа преку Твитер. Тој појасни дека во дигиталниот свет не би можеле да се прифатат забрани против користењето на социјалните медиуми.
Ѓул како да зборуваше од душата на демократски ориентираното мнозинство во Турција. Меѓутоа тој не одговори на прашањето - зошто неодамна набрзина го аминуваше законот против слободен развој на интернетот? Тоа што сега се врти против Ердоган, не ја спасува земјата од натамошна штета врз нејзиниот имиџ, откако забраната за Твитер се испостави како стрелба во погрешна насока.
Штефан Филе беше меѓу првите важни политички претставници на ЕУ, кои жестоко го критикуваа Ердоган. Комесарот за проширување преку Твитер го потсети Ердоган дека комуникацијата и слободата на избор за начин на комуникација припаѓаат на фундаменталните вредности на Европа.
Ердоган би бил добро советуван, да не ги игнорира критиката и реакциите од странство за неговиот стил на владеење, како што тоа го најави. Впрочем, тоа се истите партии, политичари и коментатори кои со години се залагаа за приближување на Турција кон ЕУ и за демократско прифаќање на Ердоган во важните меѓународни форуми. Последиците би биле фатални за сите страни, ако Ердоган себе самиот, и пред сѐ својата земја натаму неказнето ја тера во меѓунардона изолација. Фактот дека Турција по Кина е втората земја која го забрани Твитер, ја покажува лигата во која Турција не би требало да игра уште долго.