1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Тероризам

Експлозијата во Њујорк - обид за терористички напад

ЖА / агенции
11 декември 2017

Во центарот на Менхтен експлодираше рачно направена бомба. Градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио изјави дека станува збор за обид за терористички напад.

https://p.dw.com/p/2pARE
USA "Explosion" im New Yorker Stadtteil Manhattan
Фотографија: Getty Images/AFP/B. R. Smith

Експлозијата во центарот на Менхетен, што се случи денеска, е обид за терористички напад, изјави њујоршкиот градоначалник Бил де Бласио. На автобуска станица била детонирана експлозивна направа. Рачно направената бомба била прицврстена на телото на напаѓачот, соопшти гувернерот на сојузната држава Њујорк, Ендрју Куомо.

USA "Explosion" im New Yorker Stadtteil Manhattan
Фотографија: Reuters/E. Tobin

Полицијата уапсила едно осомничено лице. Постојат противречни податоци во поглед на евентуални настрадани. Освен уапсениот, полицијата не можеше да потврди за други повредени лица. Некои медиуми јавуваат за неколку ранети луѓе. Дел од сообраќајните линии биле евакуирани. За инцидентот бил известен и американскиот претседател Доналд Трамп.