ЕК не очекува повторен старт на Северен тек 1 неделава
19 јули 2022Европската комисија не смета дека по десетдневната редовна инспекција на Северен тек 1, гасоводот повторно ќе почне со работа, изјавил еврокомесарот за буџет Јоханес Хан, а пренесува „Волстрит журнал“.
„Работиме на претпоставката дека тој нема да почне повторно да работи“, рекол Хан во Сингапур.
Изјавите на еврокомесарот доаѓаат по информациите на Ројтерс дека рускиот концерн Гаспром ги известил клиентите во Европа дека не може да гарантира снабдување со гас поради „вонредни“ околности, со што се зголемија стравувањата дека Москва можеби нема да го рестартира Северен тек 1во четврток (21.07).
- повеќе: Комерсант: Турбината за гасоводот Северен тек 1 е вратена во Германија
Портпарол на Европската комисија денеска во Брисел изјави дека ЕК се подготвува за сите сценаријаво врска со снабдувањето со гас преку Северен тек 1, вклучително и можноста гасоводот да не почне повторно со работа по завршувањето на ремонтот.