1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Европската младина сака да биде вклучена

Сабине Кинкарц | Даниел Хајнрих
15 мај 2019

Европските избори се на повидок. Актуелната студија на фондацијата ТУИ за млади покажува дека тие сакаат повеќе Европа. Азилот, миграцијата и екологијата се за нив најважни политички теми.

https://p.dw.com/p/3I4lF
Berlin Schüler im Klimastreik
Фотографија: Getty Images/AFP/O. Andersen


Европа на младите им е многу битна, но тие сакаат да имаат поголем удел во политиката. Особно за теми кои им лежат на срце. "Генерацијата Европа бара повеќе слух и повеќе право на глас. Тоа е пораката на сите кои имаат политичка одговорност која поизлезе од овогодинешната студија посветена на младите" вели директорката на фондацијата, Елке Хлавачек.

Сепак само секој втор Европеец на возраст од 16 и 26 години смета дека изборите за Европскиот парламент се важни и само еден од петмина испитаници се чувствува вистински претставен од Парламентот. Тоа не е за чудење, бидејќи просечната старост во Европскиот парламент е 56 години, а најмладиот бриселски парламентарец е 30-годишен Бугарин. Иако темата „Азил и миграција" се смета за актуелно најважен проблем во ЕУ, тоа не значи дека се отфрлаат отворените граници: 43 проценти од испитаниците кои наведуваат дека азилот и миграцијата се најважниот проблем, отворените граници во рамки на ЕУ ги гледаат како шанса, а само 27 проценти како закана. Слободното движење во рамки на ЕУ се оценува позитивно и за младите луѓе не е предмет на дискусија.

Belgien Statue Europa vor EU-Parlament in Brüssel
Фотографија: picture-alliance/D. Kalker

Движењето Петок за иднината" придонесува за менување на свеста

За младите во Европа е многу важна и заштитата на климата и околината. Со месеци млади луѓе протестираат во рамки на движењето „Петок за иднината". Тие протестираат против уништувањето на околината, преголемата потрошувачка на енергија, растечките емисии на јаглероден диоксид од сообраќајот и масовното одгледување животни, како и загадувањето на почвата, воздухот и водата. Нивниот апел на политичарите е д сторат многу повеќе за да ја заштита околината и климата.
Тоа соодветствува и на ставовите на постари лица. Во Германија актуелно 81 процент од граѓаните сметаат дека има итна потреба да се преземат мерки за заштита на климата. 85 проценти сметаат дека загревањето на климата не може да се сопре без промена во животниот стил, покажува испитувањето на трендовите во Германија од АРД.
Фактичката подготвеност да се променат сопствените конзументски навики за заштита на климата многу бавно се развива. Тука водат младите. 28 проценти од испитаниците во студијата на ТУИ наведуваат дека минатата година не купувале одредени производи, или пак токму од политички или етички причини ги конзумирале. Тоа во Германија го наведоа 33 проценти од испитаниците.

Младите бараат радикални промени

Но, како е можно младите луѓе посилно да се интегрираат не само во политичкиот дискурс, туку и во политичките процеси? Политичките партии мора да создадат модерни структури кои ќе им олеснат на младите луѓе да им пристпуваат и да имаат свој удел, препорачува Маркус Шпитлер од Научниот центар за социјално истражување во Берлин. „Младите адолесценти особено се интересираат за оние партии кои им им нудат некаква промена или визија за иднината. Имено, 67 проценти сметаат дека се потребни радикални промени за да се доведе политичкиот систем во ред."
Таквата желба за промена била една од причините зошто понекогаш популистички партии се интересни за младите. „Напуштање на производството со јаглен до 2038 и бесплатен интернет во баварските автобуси до 2050 им е сепак премалку", вели Шпитлер. Политичарите требало малку да се замислат околу тоа дека само на северот на ЕУ младите сметаат дека нивниот животен стандард че биде повисок од оној на нивните родители.

Plenarsaal des Europaparlaments in Straßburg
Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Seeger

Да се гласа уште на 16 години?

Загрижувачки е и фактот дека само нешто повеќе од половината испитаници, односно околу 58 проценти се убедени дека демократијата е најдобра форма на владеење. Многу ниска е цифрата и во Франција со 38 проценти и Италија и Полска со 46 проценти. Особено силно е изразен потврдниот став за демократијата во Грција со 73 проценти. Германија и Шведска со 66 проценти, како и Данска со 65 проценти. Но, само едно малцинство од 6 проценти од младите луѓе сметаат дека друга државна форма е подобра од демократијата.
Околу 60 проценти од испитаниците во студијата велат дека во најмала рака е „можно" дека ќе гласаат на претстојните избори за Европскиот парламент. Во повеќето земји на ЕУ младите граѓани над 18 годишна возраст имаат право на глас. Маркус Шпитлер бара во ЕУ правото на глас генерално да се симне на 16 годишна возраст, како што веќе е случај во Австрија и Малта. Така младите би моќеле подобро да бидат вклучени во политичките процеси. „Де факто со 16 би имале шанса првите избори да бидат посилно покриени во школските активности за младите да развијат еден вид навика на гласање."

 

Kinkartz Sabine Kommentarbild App
Сабине Кинкарц новинарка на ДВ