Европратеници: загрозени стабилноста и перспективата
13 април 2016Европарламентарците претставници на трите најголеми политички групации во ЕП, Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едуард Кукан, кои се и медијатори за Пржинскиот договор, ја искажаа својата длабока загриженост поради развојот на настаните во Скопје и ги повикуваат политичките партии да работат заедно во интерес на граѓаните и да им се вратат на обврските преземени од Договорот од Пржино, како единствен начин да се надмине кризата.
„Договорот мора целосно да се почитува, вклучително и сите одредби за заштита и зајакнување на владеењето на правото и обезбедување на веродостојни вонредни парламентарни избори“, порачуваат европратениците.
„Веруваме дека изјавата на претседателот Иванов за генерална амнестија за сите осомничени за вмешаност во скандалот со прислушување може само да го наруши владеењето на правото и да го зголеми чувството на неказнивост меѓу оние кои се под истрага од страна на обвинителството и Специјалното обвинителство. Загрижени сме дека ваквиот развој претставува дополнителен голем ризик за стабилноста на земјата и за нејзината посакувана евро-атпантска интеграција и европска перспектива“.
Европратениците порачуваат дека се подготвени на разговори со политичките лидери за „изнаоѓање начин за исправање на неодамнешните сериозни назадувања“ и враќање во претходната состојба.