Токио: Белоруска атлетичарка ќе бара азил во Полска
2 август 2021Белоруската атлетичарка Кристина Тимановскаја моментно се наоѓа во полската амбасада во Токио, таа побарала азил и планира во идните денови да отпатува во Полска, изјави заменик полски министер за надворешни работи за агенцијата Ројтерс.
„Таа ќе оди веројатно во Полска“, изјавил претходно и сопругот на Тимановскаја денеска за претставништвото на новинската агенција АФП во украинскиот главен град. Арсени Зданевич, кој самиот избегал во Киев, се надева дека во блиска иднина ќе може да ѝ се придружи на сопругата во Полска. И Чешка и други европски земји наводно ѝ понудиле азил на 24-годишната Кристина Тиманоскаја.
Таа минатата ноќ ја поминала во хотел на аеродромот Ханеда во Токио, откако преку социјалните медиуми соопшти дека стравува против своја волја да биде вратена во Белорусија. Истовремено, атлетичарката се обратила за помош и до Меѓународниот олимписки комитет.
Портпаролот на МОК Марк Адамс денеска потврди дека Тимановскаја е на безбедно, со неа постои контакт, а од белорускиот Олимписки комитет е побарано писмено да го соопшти својот став за обвинувањата.
-повеќе:
Белорусија: 14 години казнен логор за Виктор Бабарико
Белорусија: Соработник на ДВ Академија обвинет за велепредавство
Германија ги осудува принудните „фалби“ на Протасевич за Лукашенко
Денеска утрото спринтерката првично била на стартната линија за трка на 200 метри на Летните олимписки игри во Токио. Но, белорускиот Олимписки комитет јавно соопшти дека Тимановскаја, со оглед на нејзината емоционална и психолошка состојба, не може веќе да учествува на натпреварите.
Повод за аферата очигледно било во меѓувреме избришано видео, кое Тимановскаја го постирала на Инстаграм, а во кое го критикува белорускиот Сојуз за атлетика. Тимановскаја тврдела дека е принудувана да учествува на трката 4х400 метри, зашто Атлетичарскиот сојуз на Белорусија на обезбедил доволен број допинг-контроли за атлетирачките кои биле предвидени за трката.