Доминација на „Игра на тронови“ на Еми наградите
19 септември 2016Реклама
И годинешните Еми награди минаа во знакот на фантастичната серија „Игра на тронови“ која и официјално е најуспешната на сите времиња. Во шест сезони емитување, серијата досега освои 38 Еми награди. Досегашен рекордер беше комедијата „Фрејзер“ со 37 награди.
На 68 Еми награди добро мина и серијата „Народот против О Џеј Симпсон“. Екранизацијата на судењето на познатиот спортист собра пет награди, меѓу другите и за најдобра машка и женска улога.
Џулија Луис Драјфус ја освои и петтта Еми награда, овојпат за главната улога во комедијата „Белата куќа“.