1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Фудбал

Долг ден на вџашеност по бламажата од Дуизбург

СН/ печат | агенции
1 април 2021

Германската фудбалска јавност и натаму е во длабок шок по поразот на домашниот тим од македонската репрезентацija. Медиумите стравуваат од големи непријатности на претстојното Европско првенство.

https://p.dw.com/p/3rVer
Fußball: WM-Qualifikation Europa, Deutschland - Nordmazedonien
Фотографија: Thilo Schmuelgen/Getty Images

Што трае подолго? Радоста и еуфоријата по сензационален успех или тагата и шокот по незамислив пораз. Судејќи според реакциите во македонската и во германската фудбалска јавност по вчерашниот натпревар во Дуизбург веројатно би можело да се говори за нерешен исход.  И во двете земји тоа е неодминливата тема на денот, која со себе носи целосно спротиставени чувства. Додека македонската јавност еуфорично слави, германската фудбалска јавност и натаму е вџашена по втората бламажа во последните неколку месеци и пропуштената шанса за освојување на сите 9 бода на квалификациите за Светското првенство во Катар. По оние 0:6 против Шпанија во ноември вчера во Дуизбург следеше ладен туш во мечот против аутсајдерот С. Македонија.

WM-Qualifikation I Deutschland - Nord Mazedonien
Фотографија: Thilo Schmuelgen/REUTERS

Селекторот Лев сепак на крајот на тегобната конференција за печат демонстративно ширеше оптимизам. „Во секој случај не смееме да загубиме надеж во квалитетот на оваа репрезентација. Во никој случај не смееме да го загубиме чувството дека сме во состојба да одиграме добар турнир“, изјави Лев алудирајќи на Европското првенство летово. За Лев летниот турнир ќе биде последна можност да се докаже на местото германски селектор. Како што неодамна објави, тој по Европското првенство ќе се повлече од оваа позиција.

Повеќе:

-Германија заслужено поразена од Северна Македонија 

-Фотографија на денот: Чудото во Дуизбург

-Комплименти и респект за македонските фудбалери

Германските медиуми веќе се прашуваат дали вчерашниот пораз е лош знак пред завршната фаза за подготовките за јуриш за европската титула.

Страв од иднината

„Налошо од сѐ не е поразот од целосниот аутсајдер Северна Македонија... најлошо е чувството потоа. Со овој пораз стигна непријатно чувство дека ЕУРО на лето би можел да биде втор турнир, по срамното Светско првенство 2018, кај кое Лев ја вложи целата енергија во подготовките, а потоа по првиот круг се заминува дома“, пишува спортската рубрика Спортшау на јавниот сервис АРД.

Fussball | WM-Qualifikation I Deutschland - Nord Mazedonien
Фотографија: Revierfoto/imago images

За весникот Велт од поразот уште поголемо изненадување е оптимизмот на селекторот. „Јоахим Лев сѐ уште, и по втората голема бламажа и срамното предавство на националната екипа, се надева на магичен пресврт пред Евопското првенство“, пишува весникот.Ни странските медиуми не го штедат светскиот првак од 2014 година. „Германија е понижена од Северна Македонија ... која ја слави најголемата победа во својата историја“, пишува британскиот весник Мирор. Пред почетокот на Европското првенство пред германската репрезентација се уште два меча, против Данска и Латвија, двата се на почетокот на јуни.