Бесниот витез Диџеј Дино е лице со генетското пореметување Вилијамс синдром. Но, тој успеал пречките да ги претвори во можности и денес удобно се чувствува во својата кожа. Како етаблиран хип хоп диџеј има одлична репутација меѓу колегите кои го поддржуваат не само во музицирањето, туку и во продуцирањето на емисијата „Хип хоп манија“ на радио МОФ.