Димитров: Од историско помирување до стратешко партнерство
25 јануари 2019Реклама
„Ова историско помирување го отвора патот кон стратегиско партнерство и блиска соработка на бројни полиња од очигледен заеднички интерес,“ вели за ДВ македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров во првичната реакција откако парламентот во Грција со мнозинство гласови го изгласа Преспанскиот договор.
„Ние сме природни сојузници со нашите грчки соседи. Дури и противниците на Преспанскиот договор со тек на време ќе го спознаат тоа,“ додава тој.