Ден на капитулацијата - 8 мај
3 мај 2005�њето во Германија на 8 мај втиснуваат сопствен печат – со текот на годините, променлив печат.
„Јас велам дека и покрај се, станува збор за голем момент – враќањето на Германија кон човечноста. Тажно е што Германија не можеше да се ослободи со сопствени сили. Врз германското име падна тешка дамка, а моќта е проиграна„.
На 10 мај 1945 година, два дена по капитулацијата, на Германците преку ББЦ им се обрати носителот на Нобеловата награда за книжевност Томас Ман. А, тие речиси и не се занимаваа со апстрактните одмерувања околу војната и национал-социјализмот. За разлика од некои ирационално водени дебати по крајот на Првата свветска војна, сепак имаше јасни факти: во вината на Германците за војната не може да има ниту најмал сомнеж. Несупехот не можеше да им се припише на какви и да се наводни
махинации во сопствената земја а, тоталниот пораз заедно со целосната окупација на земјата не нудеше никаков простор за идниот државен и општествен поредок.
Отцепувањето на големи делови од Рајхот, поделбата на Германија, пред се искуствата од бегствата, протерувањета и бомбрадирањата придонеса Германците во Сојузната Република најнапред да се гледаат во улога на жртви. За „ослободување„ тогаш не стануваше збор. Весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг„ во еден коментар по повод десет-годишнината од капитулацијата, 8 мај 1945 година го нарече „најмрачниот ден на длабоко понижување„. Став кој остана да се одржува се до 60-тите години. За холокауст, за германската агресивна и уништувачка војна, или за бруталниот каратер на национал-социјалистичката дикактура само малку се зборуваше. Замешаноста или вината на Германците не беше тематизирана, злосторниците не беа спомнувани. Во јавните дебати национал-социјализмот беше одделуван од Германците, како што пишуваше историчарот Андреас Виршинг. Во таа светлина можат да се објаснат формулите како „слом„ или „час нула„, со кои често се бележеше 8 мај 1945 година.
Во ГДР им беше полесно. Владејачките комунисти, како сојузници на Советскиот сојуз, од почетокот се гледаа на победничката страна. За критички прашања немаше простор. Во 1950 година ГДР 8 мај го прогласи за официјален празник.
Во Сојузната република дискусијата кон крајот на 60-тите ги смени акцентите. Општествените промени кои беа поврзани и со студентското движење, во преден план ги исфрли прашањата за вината или пропустите на Германците. Сеќавањата на бегството и протерувањето стана главно работа на друштвата на протераните. Социјал-либералната коалиција која владееше од 1969 година водеше политика на попуштање и помирување кон источна Европа. На 8 мај 1970 година за првпат се доржа седница на Бундестагот посветена на завршувањето на војната. Пет години подоцна сојузниот претседател Валтер Шел зборуваше на истата тема. „Нашиот народ беше казнет за 12-те години насилничко владеење„, рече Шел кој потоа зборуваше за уништувањата, бегствата, протерувањата и поделбата:
Тоа се последици и уште долго ќе мораме со нив да се соочуваме. Меѓутоа, германската трагедија започна во 1933 година, а не во 1945!„.
За подемот на национал-социјалистите како и за доаѓањето на Хитлер на власт на 30 јануари 1933 не е одговорен никој друг, туку самите Германци. Неболузната поделба меѓу Германци на една страна и национал-социјалисти на друга на тој начин веќе не можеше да се одржува. Тоа во никој случај пак, не значеше колективна вина. Против тоа застана и сојузниот претседател Рихард фон Вајцекер во познатиот говор од 8 мај 1985 година. Тој зборуваше за различни групи жртви: за Евреи, Синти и Роми, или за политички прогонетите и потсети на жртвите на бегањето и протерувањето на крајот од војната. Со поглед кон 8 мај, Вајцекер рече:
„8 мај беше ден на ослободување. Тој не ослободи сите од нечовечкиот систем на национал-социјалистичкото насилничко владеење„.
40 години по крајот на војната - според мислењето на историчарите типичен период за создавање консензус за историските настани – широко се проби еден став. Вајцекер:
„Во крајот на војната не смееме да ги гледаме причините за бегството, протерувањето и неслободата, тие лежат многу повеќе во нејзиниот почеток и во почетокот на насилничката власт што доведе до војната. Не смееме да го двоиме 8 мај 1945 од 30 јануари 1933 година„.
Десет години подоцна, на 8 мај 1995 на централната државна манифестација присуствуваат и високи претставници на четирите победнички сили. А, најновото зголемено занимавање со германските жртви на бегството, протерувањето и бомбардирањата, останува поврзано со сознанието за германската одговорност за Холокаустот.