1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дебакл на на Бајер Леверкузен

ЕМФ/дв/макфакс28 ноември 2013

Бранителот на титулата во Лигата на шампиони, Бајерн Минхен собори еден стар рекорд. Тимот на Бајер Леверкузен се прости од друштвото на најдобрите по катастрофалниот пораз од Манчестер Јунајтед.

https://p.dw.com/p/1APoE
Фотографија: Reuters

Бајерн Минхен во вчерашниот натпревар во Москва ја победи ЦСКА со 3:1 и со десеттата победа едноподруго во Лигата на шампиони го собори рекордот кој досега цели 11 години го држеше Барселона со девет победи по ред. Тренерот Пеп Гвардиола оцени: „Да се постигнат десет победи една по друга во Европа, не е едноставно.“

Вчерашниот (27.11) ден ќе биде незаборавен и за фудбалерите на Бајер Леверкузен, но во негативна смисла. Тие беа катастрофално поразени од Манчестер Јунајтед на свој терен со 0:5. Напаѓачот на Бајер, Штефан Кислинг, кусо коментираше: „Недозволиво е да те исфрлат на ваков начин“. Тимот на Манчестер си обезбеди место во нокаут фазата на ЛШ.

Ибрахимовиќ и Кавани против Олимпијакос му донесоа победа на ПСЖ и пласман во следната рунда, додека грчкиот тим заедно со Бенфика, во последното коло ќе решаваат кој од Ц групата, ќе биде вториот тим кој ќе патува во нокаут рундата.

Champions League ZSKA Moskau FC Bayern München
Гвардиола-експресот незапирлив и на московскиот снегФотографија: Getty Images

Олимпијакос е во подобра положба бидејќи во 6.коло ќе го пречека Андерлехт, а Бенфика ќе игра со ПСЖ.

За одбележување е победата на Реал над Галатасарај, која е остварена без Кристијано Роналдо. Победата на Реал уште повеќе добива на тежина бидејќи тимот од 27-та минута играше без исклучениот Серхио Рамос.

Резултати на натпреварите во групите А,Б,Ц и Д:

Група А:

Баер Леверкузен-Манчестер Јунајтед 0:5

(Валенсија 22’, Спахиќ аг. 30’, Еванс 65’, Смолинг 77’, Нани 88’)

Шахтјор-Реал Сосиедад 4:0

(Луис адријано 37’, Алекс Тешеира 48’, Даглас Коста 68’ 87’)

Табела: Ман. Јунајтед 11, Шахтјор 8, Баер Л. 7, Сосиедад 1

Група Б:

Јувентус-Копенхаген 3:1

(Видал 29’, 63’, 63’ – Мелберг 56’)

Реал Мадрид-Галатасарај 4:1

(Бејл 37’, Арбелоа 51’, Ди Марија 63’, Иско 84’ – Булут 38’)

Табела: Реал 13, Јувентус 6, Галтасарај 4, Копенхаген 4

Група Ц:

Андерлехт-Бенфика 2:3

(Мбемба 18’, Бруно 77’ – Матиќ 34’, Мбемба аг. 52’, Родриго 90’)

ПСЖ-Олимпијакос 2:1

(Ибрахимовиќ 7’, Кавани 90’ – Манолас 80’)

Табела: ПСЖ 13, Олимпијакос 7, Бенфика 7, Андерлехт 1

Група Д:

ЦСКА Москва-Баерн Минхен 1:3

(Хонда п. 62’ – Робен 17’, Геце 65’, Милер п. 65’)

Манчестер Сити-Викторија Плзен 4:2

(Агуеро п. 33’, Насри 65’, Негредо 78’, Џеко 89’ – Хорава 43’, Тецл 69’)

Табела: Баерн 15, Ман.Сити 12, ЦСКА 3, Викторија 0