Двоен напад во Техеран
7 јуни 2017Двојниот напад во Техеран траеше неколку часа. Нападите во парламентот и во мавзолејот на лидерот на исламската револуција, ајатолахот Хомеини, се одвивале речиси истовремено. Според наводи на иранското Министерство за внатрешни работи, четворица мажи облечени во женска облека успеале да влезат во зградата на парламентот. Тројца од нив се застрелани, а еден се кренал во воздух, јавуваат медиумите.
И во мавзолејот еден атентатор самоубиец се кренал во воздух. Освен тоа, таму е застрелано уште едно лице, а има и еден уапсен. Иранските власти ги предупредија граѓаните да останат будни. „Група терористи“, како што се вели, планирала трет напад, но тие се уапсени.
Во нападите загинаа најмалку 12 стражари и цивили. Повеќе од 40 лица се повредени. Одговорност за нападот презеде џихадистичката милиција „Исламска држава“. Доколку тоа се покаже како точно, тогаш ова е прв напад на сунистските екстремисти во шиитски Иран. ИД остро го критикува раководството на Иран поради тоа што им дава поддршка на владите во Сирија и во Ирак против нејзините борци. ИД постојано повикува на напади врз ирански цели.