Двоен напад во Кабул
30 април 2018Во два напада во Кабул загинаа најмалку 21 лице. Авганистанското Министерство за здравство соопшти дека има и повредени. Меѓу загинатите, според досегашните информации, има и четворица новинари. Еден од нив е фоторепортерот на агенцијата АФП, Шах Мараи. Тој по првиот самоубиствен напад побрзал кон местото на нападот, каде имало и втор атентатор самоубиец, кој во тие моменти се кренал во воздух среде група новинари. Нападите се случија во близина на седиштето на тајната служба НДС.
Според портпарол на полицијата, првата експлозија ја предизвикал атентатор самоубиец на мотоцикл во раните утрински часови. Жртвите се цивили, јавуваат медиумите, повикувајќи се на безбедносните сили. Во близина на местото на нападот се наоѓаат и американската амбасада и седиштето на НАТО во Авганистан.
Во моментот кога експлодирал вториот експлозив, спасувачите веќе биле почнати да им помагаат на повредените од првиот напад. Засега не е јасно дали двата напада се дело на радикално исламистичките талибанци. Насилството во Авганистан во последно време е значително зголемено.