ДВ во дијалог со вас
30 септември 2014Драги корисници,
мислења, дебати, дијалог - тоа се централни поими кои од овој момент и’ даваат белег на нашата веб-страница. Ние заземаме став во однос на важните теми од Германија, на глобалните, регионалните и билатералните - германско-македонски - настани и развој. Ние пренесуваме мислења од германска и европска перспектива. Позиции, кои ја одразуваат разноликоста на гледиштата по тие прашања во Германија.
Сакаме да иницираме дебата, да ги запознаеме вашите мислења и да негуваме дијалог со вас. Дискутирајте со нас во новата коментар-функција на оваа страница и, се разбира, и понатаму преку Фејсбук и Твитер. Кажете ни што мислите за проценките на нашите новинари, искажете го своето мислење за тие теми.
Преуредената веб-страница и нашиот нов содржински концепт се дел од новата ориентација на Дојче веле, кое сакаме да го унапредиме во глобален понудувач на информации од Германија. Во тоа спаѓаат и коментари со јасно изразен став од германска перспектива. Оти вие, драги посетители, го очекувате тоа од нас, германскиот медиум со понуда за странство. Притоа ние соработуваме и со меѓународно реномирани германски весници, кои го прошируваат спектарот на мислења на нашата веб-страница.
Дојче веле е гарант за профилирано новинарство со јасен став. Тоа ќе наидува на противречења, понекогаш и ќе поларизира. Затоа, да поведеме разговор. Користете ја нашата проширена понуда за дијалог.
Се радуваме на вашите мислења, иницијативи и критика!