1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дачиќ: Сериозно би размислил дали да примам Нобелова награда заедно со Тачи

АМ/миа31 декември 2013

Српскиот премиер Ивица Дачиќ изјави дека можноста да ја добие Нобеловата награда за мир се мери со промили и оти таа тема треба да се остави на страна. Доколку ја добие, ќе размисли дали да ја прими со Хашим Тачи.

https://p.dw.com/p/1AjP4
Фотографија: AP

Дачиќ за Б92 изјави дека и пред косовскиот премиер Тачи и пред Советот за безбедност на Обединетите нации нагласил дека за него косовскиот премиер е „трговец со човечки органи“.

Српскиот премиер истакна дека не барал од никого да го кандидира за таа награда, дека за неа не работел и оти тоа не го интересира.

„Дали треба однапред да кажам дека одбивам нешто, за што никој не ме информираше дека сум кандидат“, праша Дачиќ. „Дали Тачи треба да ја добие или не - тоа е прашање за кое ние не можеме да одлучуваме, а веројатноста да ја добијам е еднаква на промили и таа тема треба да се остави на страна. Позитивно е тоа што сме споменати по нешто добро, а дали друштвото ми се допаѓа - па не ми се допадна тоа друштво, ниту кога прв пат седнав да преговарам“, додаде Дачиќ.

„А, доколку ја добијам сериозно ќе размислам дали треба да биде примена во такво друштво“, додаде тој, одговарајќи на новинарско прашање да даде коментар на изјавата на претседателот на Србија, Томислав Николиќ, дека Нобеловата награда за мир не би требал да ја прими во друштво на косовскиот премиер.