Дали некогаш ќе биде откриено потеклото на коронавирусот?
30 октомври 2021Американските разузнавачки агенции соопштија дека можеби никогаш нема да можат да го откријат потеклото на коронавирусот, но заклучиле дека тој не е создаден како биолошко оружје.
Во ажурираната проценка за потеклото на коронавирусот, канцеларијата на директорот на националното разузнавање на САД соопшти дека преносот на коронавирусот од животно на човек и истекувањето на вирусот од лабораторија се прифатливи хипотези, но нема доволно докази за да се донесе таков заклучок.
Наодите се објавени во извештајот на канцеларијата кој беше декласифициран. Станува збор за ажуриран извештај објавен во август, по 90 дена дополнителна истрага на потеклото на коронавирусот.
Се наведува дека разузнавачката заедница сѐ уште е поделена околу најверојатното потекло на вирусот. Четири агенции проценуваат дека е малку веројатно оти коронавирусот потекнува од заразено животно.
Една пак наведува рече дека постои „умерена веројатност“ дека патогенот протекол од лабораторија.
Во извештајот се наведува и дека кинеските власти не биле запоснати за постоењето на вирусот пред почетната епидемија во Вухан, на крајот на 2019 година, но се додава дека Кина продолжува да ја попречува глобалната истрага и да се спротивставува на размената на информации за потеклото на Сарс-Ков-2