1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дали на Германија и‘ се заканува бран демонстрации против странците?

Денис Штуте/ А.Трајковска 7 декември 2014

Во Дрезден веќе извесен период во понеделниците, во меѓувреме илјадници демонстранти протестираат за „зачувување на нашата култура“. Се прават обиди во други градови да се копира моделот.

https://p.dw.com/p/1DzDL
Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Hiekel

Пароли како „Странците надвор“ залудно се бараат на неделните демонстрации на „Патриотски Европејци против исламизација на оксидентот“ (Patriotischen Europäer gegen die Islamisierung des Abendlandes" - Pegida). Наместо тоа организаторите се трудат да испратат пријателска слика: Германски знамиња, слогани како „Ние сме народот“ и терминот в понеделник треба да потсеќа на понеделничките демонстрации, кои пред 25 години доведоа до пад на владата на ГДР. Професионално изработените транспаренти се неодредени: „За зачувување на нашата култура“, „Против религиозен фанатизам“, „Против верски војни на германско тло“. Организаторите се дистанцираат од десниот екстремизам, зборуваат за „христијанско-еврејска култура на Западот“ и прават разлика меѓу „ислам и исламизам“, меѓу „воени и економски бегалци“. Сепак секој знае за што всушност тука станува збор: дека ислам исто стои за муслиман и економскиот бегалец за бегалец и дека двете работи се шифра за странци.

Рецептот е успешен. На првиот повик на средината на октомрви одговорија неколку стотици демонстранти, потоа континуирано растеше нивниот број. Изминатиот понеделник полицијата изброи 7500 учесници. Иако на демонстрациите можеле да се видат нацисти познати во градот, хулигани и рокери, вели пратеничката во покраинскиот парламент Керстин Кедиц, истовремено таму имало и обични граѓани, кои преку извештаите за исламскиот тероризам и дифузните стравови поради новите бегалски домови во нивна околна биле заплашени. „Тоа е значи еден колгоромерат од носители на една расистичка идеологија и загрижени граѓани, кои ќе бидат радикализирани во овој процес“, вели портпаролката на антифашистичката политика на левичарската фракција во покраинскиот парламент.

Во меѓувреме и во други градови има обиди да се копира концептот - со различен успех. Во Кемниц демонстрација против исламот на крајот на ноември привлече 400 луѓе; против-демонстрациите беа исто толку големи. Во Касел изминатиот понеделник околу 80 демонстранти беа стопирани од околу 500 против-демонстранти. Покрај „Кадига“ од Касел, на Фејсбук во меѓувреме се наоѓа и бонскиот „Богида“, „Дагида“ од Дармштат и голем број други групи. Профил на Фејсбук брзо се отвора, но дали концепт од Дрезден едноставно може да се копира, допрва ќе се покаже.

Имено, движењето во Дрезден има некои посебни карактеристики. Зад демонстрациите очигледно не стојат неонацистички структури. На првиот Пегида- собир повикаа организации кои дотогаш политички не привлекоа внимание, вели Данило Староста од Културното биро Саксонија. „Тоа се мали претприемачи и луѓе кои се загрижени за својата егзистенција“, вели Староста. Дури во наредните недели се приклучиле организирани неонацисти.

Pegida Demonstration in Dresden
Демонстрации на 1. декември во ДрезденФотографија: picture-alliance/dpa/A. Burgi

Андреас Цик, директор на Институтот за интердисциплинарни истражувања на конфликти и насилство во Билефелд, смета дека не е случајно тоа што новото движење се формираше во Дрезден. Тој укажа на долгогодишните маршеви на неонацистите на годишнината од бомбардирањето на градот во Втората светска војна. „Тие успешно беа победени“, вели Цик. „Сега таму се формираше едно граѓанско- деснопопулистичко движење, против кое е многу потешко да се протестира, бидејќи помалку може да се нападнат како екстремистички.“ На против-демонстрациите во понеделникот им успеа да ја сопрат поворката на Пегида, но со околу илјада учесници беа значително помалубројни. Различни институции и организации сакаат да го сменат тоа. За наредната недела тие планираат голем марш во Дрезден.

Институтот на Цик секоја година подготвува голема студија, колку е раширено непријателството против различни малцинства. „Јасните десноекстремни позиции се намалуваат“, вели Цик. „Истовремено има меѓутоа навистина стабилни групи - тоа е граѓанскиот среден слој, кои силно го одбиваат доселувањето и имаат шовинистички позиции“. Пегида-движењето имало потенцијал да се прошири во целата земја, бидејќи покрива позиции кои постојат, вели Цик. Околу една четвртина од населението било приемливо за деснополитички идеи.

Проба во Диселдорф

Манифестација е планирана за идниот понеделник и во Диселдорф. На Фејсбук страницата на Дигида веќе се пријавија повеќе илјади учесници, колку навистина ќе дојдат засега не може да се процени - со оглед на тоа што мобилизацијата оди вон границите на градот. „Сѐ е во тек“ валат од полицијата. Засега сѐ уште е отворено кои организации ќе учествуваат во планираните против-демонстрации.

За разлика од Дрезден конците за протестот во Диселдорф и другите градови очигледно ги влечат организирани десни екстремисти. Според информациите, зад Дигида стои адвокат, кој е познат како продесничарски настроен, од деснокознервативната партија Алтернатива за Германија и кој неодамна настапи на демонстрации на неонацисти и хулигани во Хановер. „Овие демонстрации наидуваат на одобрување пред сѐ во силно десничарски настроениот спектар“, вели Александер Хојзлер, експерт за десен екстремизам од Диселдорф. „Партиите како Републиканци или отворени неонацистички групи како партискиот огранок Десни ги мобилизираат своите приврзаници“.

Токму тоа би можело да запре многумина потенцијални учесници. „Едно движење кое со непријателска слика за исламот сака да постигне успех, не смее да биде поврзано со отворен десен радикализам“, вели Хојзлер. „Тоа мора нанадвор да изгледа граѓански, сериозно“.