1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дали има дискриминација при вработувањето поради етничка припадност?

28 април 2011

Дали етничката припадност дава предност при вработувањето? Да, уверени се и Македонците и Албанците, а привилегијата ја препишуваат на другата етничка заедница. Дискриминацијата е потврдена од невладиниот сектор.

https://p.dw.com/p/10ryC
Фабриката „ Раде Кончар“
Фотографија: Petr Stojanovski
Ако бев Македонец досега ќе бев вработен, односно ќе сменев неколку работни места, вели еден млад Албанец, кој не е член на ниту една политичка партија. Спротивно на ваквиот впечаток на нашиот соговорник, кој побара да остане анонимен е тврдњето на неговиот врсник Македонец, кој исто така реши да не го открива идентитетот. Денес е полесно да најдеш работа ако си Албанец, вели. Овој став на двајца млади невработени луѓе го потврдува неодамнешното истражување
Maschinenarbeiter in der Fabrik Rade Koncar in Skopje
„Раде Кончар“Фотографија: Petr Stojanovski
на МЦМС. Мнозинството граѓани сметаат дека во Македонија има дискриминација, најмногу по политичка и етничка основа. Етничката дискриминација граѓаните најчесто ја доживеале при вработување. Припадниците на двата најбројни етникуми сметаат дека оние од другата заедница имаат предност при вработувањето.
Артан Груби од невладината организација „Разбуди се“ тврди: „Апсолутно постои дискриминација. Последните податоци на Омбудсманот говорат дека во околу 350 државни институции не работи ниту еден Албанец“.
Сосема спротивен е впечатокот на Македонците. Неможат да се ослободат од чувството дека Албанците во Македонија се привилегирани. „Мислам дека македонските политичари имаат толку потклекнато што дозволија сите Албанци ако можат да ги вработат во државни институции само да има мир во куќа“.
Mazedonien Land und Leute Industrie Feni Nickelhersteller
„Фени“Фотографија: Petr Stojanovski
79% сметаат дека е почеста етничката дискриминација при вработување во државниот сектор, а 54% сметаат дека таа е почеста во приватниот сектор. Неџмедин Хоџа е бизнисмен, сопственик на фирмата „Итал Голд“. Вработува луѓе од повеќе националности, тврди дискриминираат партиите, а не етничката припадност.
Во истражувањето „Дискриминацијата во Македонија по основ на етничка припадност” се наведува дека најчести области на дискриминација според личните искуства на граѓаните се при вработувањето и услугите на јавната администрација, а особено на полицијата и здравството, но и во кафе-баровите, дискотеките, базените и во образованието.

Автор: Горан Петрески
Редактор: Александра Трајковска