1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Да останам во Бугарија или да заминам?

1 август 2019

Колку Бугари ја имаат напуштено државата? Колкумина се враќаат? И зошто? Еве слика за актуелната ситуација во Бугарија.

https://p.dw.com/p/3LpCf
Bulgarisch-türkische Grenze
Фотографија: picture-alliance/Joker/est&ost/M. Fejer

Кирил е програмер, создава софтвер со отворен код. Живее во родната куќа на родителите во мало гратче покрај Софија, но се одмора на Бали. Ајхан е од мало село во југоисточна Бугарија, работи во Германија и кај семејството се враќа кратко налето. Кирил и Ајхан се лицата на новите миграциски трендови. Кирил би можел да најде работа каде и да сака во светот. Ајхан исто така. Тој е квалификуван работник, со богато искуство во сферата на градежништвото. Но, додека благодарение на дигиталната економија Кирил може да произведува и продава производ со висока вредност независно во која точка на планетата се произведува, за Ајхан платата зависи од економијата и стандардот на државата во која работи.

За едни, миграцијата е работа на избор, за други - прашање од економска природа. Во Бугарија, која и по 12 години од приклучувањето кон ЕУ е најсиромашната држава во Унијата, факторот „економска принуда“ е особено силен. Во меѓувреме, меѓутоа, во државата се формираше нов слој висококвалификувани специјалисти во сферата на високите технологии. За многумина од нив изборот за живеење останува Бугарија, зашто условите за работа не зависат од бугарските институции, туку од меѓународнуте компании за коишто работат.

Sofia Bulgarien
Основната причина поради која Бугарите решаваат да ја напуштат татковината или пак да се вратат назад се приходите (фото: Софија)Фотографија: cc-by-sa/sweti/flickr.com

Зошто Бугарија?

Ангел Игнатов исто така решил да остане да работи во Бугарија. Тој е дел од тимот на голема софтверска компанија во Софија. За себе вели дека се чувствува добро во татковината. „Ми се допаѓа социјалното опкружување, климата, можноста да правам многу работи во слободното време“, вели тој. Ангел дури и ја популаризира Бугарија како избор за живеење за луѓето од неговата генерација кои се во странство. Тој е претседател на Бугарскиот кариерен форум (БКФ), кој е создаден на иницијатива на група ентузијасти во 2012-2013 година. Денес БКФ е партнер на бугарското Министерство за труд и социјална политика кога се организираат форуми за кариера во европските држави, на кои учествуваат и десетици бугарски работодавачи.

Повеќе:

Бугарија: Еден млад доктор сака да остане во земјата

Чекалниците полни, лекари ни за лек

Заменичката министерка за труд и социјална политика Зорница Русинова учествува на сите вакви форуми. Според нејзе, за амбициозните и талентирани млади Бугари кои се во странство е важно да имаат можност по дипломирањето да започнат да работат во авторитетни компании во сектори во развој, за добиваат атрактивно дообраување, да имаат флексибилно работно време и добар социјален пакет коишто им осугуруваат висок животен стандард, „Не помалку важна за нив е и можноста да се блиску до семејството и пријателите“, нагласува Русинова.

Националната статистика забележува дека во 2018 година во Бугарија се вратиле 16.169 Бугари од странство. Речиси 40% од нив на возраст од 20 до 44 години. Меѓутоа, се’ уште двојно повисок е бројот на оние кои емигирирале - 31.263. И тука возрасната група од 20 до 44 години е најбројна.

Зорица Русинова вели дека на територијата на Германија има околу 6000 бугарски студенти, а отприлика толкав е бројот и на студентите во Велика Британија. Тие две држави се најпопуларни во Европа за бугарските емигранти. Потоа доаѓаат Грција и Шпанија.

Bulgarien Arbeiter auf einem Dach in Sofia
Во 2018 година во Бугарија се вратиле 16.169 Бугари од странство. Двојно повисок е бројот на оние кои емигирирале - 31.263Фотографија: BGNES

Што сакаат Бугарите?

Повисоки приходи - тоа е основната причина поради која Бугарите решаваат да ја напуштат татковината или пак да се вратат назад. Тоа го покажуваат резултатите од истражувањето на агенцијата „Маркет линкс“ и на „ДНК- движење за национална кауза“, спроведено во периодот на европските избори. На прашањето „Кои се причините поради кои ја напуштивте Бугарија?“, 56% од анкетираните одговориле - повисоките приходи, 48% - поголема сигурност и спокојство, 40% - подобро опкружување и.т.н.

На прашањето „Што треба да се промени во Бугарија за да се вратите?“, 70% одговориле дека приходите треба да станат европски, 66% - да се намали корупцијата, 61% - животот во Бугарија да стане поспокоен и посигурен, да се подобри здравството и да има повеќе праведност во општеството.

Без тие промени, посакувани и очекувани и од останатите Бугари, празнењето на Бугарија ќе продолжи. Според податоци на Меѓународната организација за миграција, во 2005 година емигранти биле 937.314 Бугари или 12,1% од населението. Оттогаш се минати 14 години, а бројот на емигранти, и покрај подобрата економска ситуација, се зголемува и натаму.

Економските причини за миграција се потврдуваат и со истражувањето на „Отворено општество“, направено по повод 10-годишнината од членството во ЕУ. Според ова истражување, во странство живеат околу 1,1 милиони граѓани родени во Бугарија, од кои помеѓу 600.000 и 700.000 ја напуштиле земјата поради економски причини. Бугарските емигранти живеат главно во ЕУ, Турција и САД.