1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Гугенхајм во Бон

19 јули 2006

Од 21 јули, па до 7 јануари идната година во бонскиот музеј за уметност ќе можат да се видат преку 200 дела од една од најпознатите уметнички збирки: „Колекцијата Гугенхајм„. На околу 6 илјади квадратни метри изложбена површина ќе се најдат делата од импресионизмот до минималната уметност:

https://p.dw.com/p/AeXm
Од бакарен магнат до концерн на уметноста: Соломон Гугенхајм. Неговата збирка се прикажува во Бон
Од бакарен магнат до концерн на уметноста: Соломон Гугенхајм. Неговата збирка се прикажува во БонФотографија: Solomon R. Guggenheim Foundation, New York

„Жолтата крава„ на Франц Марк, пикасовата „Жена со златна коса„. Реноар, Сезан, Мане, Раушенберг или Ротко...Скоро да не е можно човек да се засити од мајсториските дела од класичната модерна до денес. Дела што веројатно ќе предизвикаат нови рекорди на посети во бонскиот музеј. Но, „Гугенхајм„ во Бон треба да биде нешто повеќе од изложба на супертлативи:

„Јас не сакав во Бон да прикажам само збирка на трофеи, на овие големи дела што ги имаме во нашата збирка. Тоа многу повеќе треба да рефлектира една жива институација во каква што се разви Гугенхајм„.

Томас Кренс, директор на Фондацијата Гугенхајм, е еден од четворицата куратори и доминантно учествуваше во концептот за изложбата. Сликите не треба да зборуваат само за себе, туку истовремено да ја документираат историјата на збирката на Гугенхајм. Така некои изложбени павилојани се монографски конципирани и им се посветени на конкретни автори, други покажуваат слики од различни приватни збирки што ги прибрал Гугенхајм со текот на времето, објаснува Кеј Хајмер, кој покрај Сузане Клајне е надлежен за изложбата во Бон:

„Тоа го направивме за јасно да укажеме колку собјективна и селективна е збирката на Гугенхајм. Од самиот почеток точно занеја што сакаат да соберат. Ништо што би наликувало на Музеј на современа уметност кој собира како лексикон и да има слика од секој уметник што бил важен„.

Соломон Гугенхајм собирал апстрактна уметност, неговата внука Пеги, надреалисти и апстрактни експресионисти како Џекосн Полок или Вилијам Де Конинг. Збирката Танхојзер ги носи импресионистите, а збирката на Џузепе Панца ди Бјумо ја дополни збирката со поп арт, односно уметноста по 1960 година.

Токму делата од последните 50 години се скоро сите со голем формат. Во музејот во Бон добиле голем простор и го распостелуваат сето свое влијание. За помош и разбирање, ќе може да се види придружен филм подготвен од телевизијата „Драј – зат„ и од Дојче веле. Авторката Зигрид Фалтин во нејзиниот филм „Од крал на бакарот до концерн на уметноста„ ја раскажува историјата на збирката на Гугенхајм.

Богатството на Соломон Гугенхајм во најголемиот дел потекнуваше од рудниците за бакар. Бароницата и уметничка Хила Ребај го портретирала и го советувала парите да ги инвестира во модерната уметност. Тој требало да собира само апстрактна уметност, слики, како што велела Хила Ребај, што се создадени само од боја и форма. Првите изложби се одржале во музејот за необјективно сликарство во Њујорк. Во 1950 година Гугенхајм му дал налог на познатиот архитект Френк Лојд Рајт да го изгради познатиот Гугенхајм музеј во Њујорк. Неговата фондација денес е концерн за уметност надлежен за пет организации во целиот свет, при што најпознати се спонатиот Музеј Гугенхајм, Музејот во Билбао и збирката Пеги-Гугенхајм во Венеција. Се планираат градби во Рио де Жанеиро и во Тајхунг на Тајван. Фондацијата организира изложби низ целиот свет. Најголемиот број слики што можат да се видат во музејот во Бон, потекнуваат од њујоршката збирка, а не од архивите, како што вели шефот на проектот Кеј Хајмер:

„Некои од важните слики буквално се симнати од ѕидовите во Гугенхајм. Станува збор за голема реткост такви слики да бидат ставени на располагање. Вистина го добивме најдоброто од Гугенхајм„.

Некои дела што се прикажуват во Бон дури не можат ниту да се транспортираат зашто се преголеми и претешки. Тие постојат само на цртежите на уметниците, како на пример, „Лавиринт„ на Роберт Морис, во форма на круг со дијаметар од 11 метри. Ваквите дела на модерната уметност кои не само оптички, туку и по волумен се огромни, се наоѓаат во сала голема илјада и 200 квадратни метри.

Во секој случај „Гугенхајм во Бон„ е изложба на суперлативи во повеќе аспекти. Не се прикажани само познати дела, туку преку тоа се раскажува и историјата на создавањето на збирката и музејот.