Грција: Што следува во деновите што доаѓаат?
5 јули 2015Грчкиот проблем е искомпликуван до максимум. Грците денеска на референдум, според досегашните резултати, им рекоа „не“ на реформите и барањата на кредиторите. Еве што следува во наредниот период:
Понеделник, 6 јули: Германската канцеларка Ангела Меркел утре во Париз се среќава со францускиот претседател Франсоа Оланд на разговори околу последиците од грчкиот референдум.
Вторник, 7 јули: Најрано во вторник би можеле повторно да отворат грчките банки и берзата во Атина
Петок, 10 јули: Грчките краткорочни хартии од вредност (T-Bills) во висина од 2 милијарди евра ќе мора да бидат заменети со нови. Овој термин е важен пред се‘ за рејтинг агенциите
13 јули: Атина мора да му врати на ММФ нова рата во висина од речиси 500 милиони евра
17 јули: Натамошни T-Bills во висина од една милијарда евра ќе мора да бидат заменети со нови
20 јули: Атина мора да и‘ врати на Европската централна банка околу 3,5 милијарди евра. Ако тоа не го стори, на ЕЦБ, според експерти, тешко дека воопшто ќе и‘ биде можно да им дава на грчките банки ЕЛА-кредити