1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Груевски: Подготвени сме за решение за спорот со името

21 август 2011

Македонија е подготвена да изнајде решение за спорот со името. Очекуваме и Грција да покаже таква волја, порача денеска македонскиот премиер Никола Груевски по посетата на Вевчани.

https://p.dw.com/p/12Kwf
Премиерот Никола ГруевскиФотографија: Petr Stojanovski

„Учесници сме во сите комуникации и контакти под покровителство на ОН и сакаме што поинтензивно да се најде решение затоа што тоа е од наш интерес, на нашиот народ, на нашите граѓани, на нашата земја. Се разбира, очекуваме Грција да покаже таква волја и се надеваме дека тоа ќе се случи“, изјави Груевски.

Македонскиот премиер потенцираше дека во однос на државната политика за името, како и за се’ останато, постои дијалог со коалициониот партнер ДУИ, бидејќи како што рече, „државата им припаѓа на сите граѓани, независно на која етничка заедница припаѓаат“.

Nikola Gruevski und Jorgos Papandreou in Brüssel
Македонскиот и грчкиот премиер, Груевски и Папандреду (архива)Фотографија: MIA

Тој откри дека Владата имала специјална седница посветена на европските интеграции, но и дека идната недела ќе се одржи нова седница, на која ќе се зборува само за деталите поврзани со зачленувањето во Европската унија.

„Во голем дел нештата што ни беа предвидени со зацртаниот акционен план што произлезе од претходниот извештај, се отидени напред. Имаме сериозен прогрес. Тоа гледам дека го чувствуваат и луѓето од Брисел, кои кога доаѓаат тука истакнуваат дека гледаат сериозен прогрес и укажуваат на она што се’ уште не е довршено, дека треба да се заврши. Овој прогрес беше направен ипред изборите, но и сега во овој период со дополнителна сила, елан и енергија се пристапува кон довршување на оние нешта, што пред изборите не беа довршени“, изјави Никола Груевски.

Автор: АТ/ макфакс

Редактор: Александра Трајковска