1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Гратис пица како соседска помош во Неапол

Филип Цан/ Симе Недевски29 август 2013

Многу Италијанци во ова време на акутна криза се соочуваат со егзистенцијални проблеми. Во Неапол, поради тоа, во пицериите и во кафулињата се враќа еден убав стар обичај на соседска солидарност.

https://p.dw.com/p/19R5v
Фотографија: dapd/Timur Emek

Во Неапол наводно има гости кои доаѓаат исклучиво поради добрата храна. Меѓутоа, во рестораните под Везув има пред се' туристи од странство.
На Италијанците, во време на економска криза, им недостасуваат пари за вечерни излегувања.
Во стариот дел на Неапол, кај родителите живеат голем број лица на 30 до 40-годишна возраст, без работа и без никакви приходи. Варојатно поради тоа во градските сокачиња се врати едно од најстарите казнени дела - кражба на храна.
Неретко разнесувачите на пица добиваат закани и на улица им ги грабнуваат пиците од рака.
Чиро Олива сака да му стави крај на ова социјално осиромашување. Овој млад пица-мајстор поради тоа повторно го воведе стариот обичај т.н. „Пица Соспеза“.
„Ако дојде гостин кој навистина нема пари, тогаш може да добие една од овие 43 пици. Тие претходно веќе беа платени од други гости. Како се трошат, така ги бришам гратис-пиците од таблата “, вели Чиро Олива.

Pizza Napoli wird normiert
Фотографија: AP

Јадењето пица е скапа работа

Сега повеќепати во денот доаѓаат гости кои на касата ја плаќаат не само својата пица. „Пицата Соспеза“ е нешто како соседска помош.
„Така можам без грижа на совеста да ја јадам мојата пица. На крајот од краиштата, некому сум му подарил јадење.“, вели еден гостин во пицеријата на Чиро Олива.
Нормално, на улиците околу пицеријата брзо се прочу за бесплатното јадење.
„Човек денес не може да си дозволи ни наједноставни работи. Во тоа спаѓа и пицата. Порано таа беше составен дел од животот. Денес јадењето пица е скапо задоволство.“, вели една жителка на Неапол.
Кармине Пециља исто така работи во пицерија, неколку улици подолу. По занимање е трговец на мало, но во својата бранша не може да најде работа.
„Со 26 години човек повеќе не сака да мора да се провлекува низ животот. Како среде криза да основам семејство? Како да го прехранам?“, вели Кармине.

So sieht das gute Leben aus
Фотографија: npb

„Кафе Соспезо“

Затоа и шефот на Кармине, Џино Сорбиљо сака да им излезе во пресрет на гостите. Кај него може да се јаде веднаш, а да се плати 8 дена подоцна.
„Не сакам пред мојата пицерија, како во други делови на Неапол, на гостите да им се закануваат со пиштол - не поради скапиот смартфон или златното синџирче, туку само поради неколку пици.“, вели овој угостител од Неапол
Неволјата ги прави луѓето снаодливи. И во традиционалното кафуле „Гамбринус“ повторно може се пие „Кафе Соспезо“. Сѐ повеќе жители на Неапол ја користат оваа понуда, за барем за момент да побегнат од секојдневието, вели сопственикот на кафулето Антонио Серџо: „Во весниците, на телевизија... секаде се зборува само за кризата. Тоа многу нѐ плаши и воопшто не се совпаѓа со веселоста на Наполитанците. Ние секогаш размислуваме позитивно и секогаш со надеж гледаме на иднината.“ Дури и кога во Неапол знаат дека само со пица и со кафе не може да се преброди кризата.