1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Градот убав...

26 јули 2018

На малку повеќе од еден месец пред годишнината од катастрофалниот земјотрес Скопје доби уште едно урбано катче во сутеренот на Градскиот трговски центар. Графити и мурали сега го красат подземниот премин

https://p.dw.com/p/326Gl
Mazedonien Graffiti-Kunst in Skopje
Фотографија: DW/B. Georgievski

Иницијатива за проектот е на архитектот Филип Конески, а во нејзината реализација учествуваа и Младинскиот културен центар и Градот Скопје. Сместена е во сутеренот на ГТЦ спроти автобуската постојка. Во реализацијата на проектот учествувале дваесетина уметници: 
Антонио Илиевски, Блаже Атанасков, Давор Кешкец, Драган Китановски, Ермал Мусовиќ, Васил Димовски, Цветан Неделковски, Ирина Цоневска, Иван Петрушевски, Марјан Димиќ, Миро Грчев, Младен Трендевски, Сали Ертунч, Сања Симоска, Селмир Алими, Зоки Мише, Трајче Павлов, Владимир Милиќ, Воскресија Андреевска и Филип Конески. 
Погледнете дел од муралите и графитите во нашата фотогалерија: