Големите партии во Европскиот парламент претрпеа загуби
27 мај 2019Првичните резултати од европските избори по затворањето на сите избирачки места потврдуваат дека најголемите централно-левичарски и централно-десничарски групи претрпеа загуби, додека Зелените и либералите бележат подем.
Најсилната пратеничка група во Европскиот парламент и натаму ќе ја има Европската народна партија - 178 места, што инаку е послаб резултат во споредба со изборите за Европскиот парламент во 2014 година, кога ЕНП освои 38 места повеќе.
Социјалистите и демократите се втори по сила и како пратеничка група ќе имаат 152 места во ЕП. Тоа се 33 места помалку отколку во 2014.
Либералната АЛДЕ бележи подем и има 108 пратенички места, а така е и со Зелените кои имаат 67 пратенички места, односно 15 места повеќе отколку на европските избпри пред пет години.
Левицата ќе има 46 европратеници, или 6 помалку во споредба со 2014.
Европските конзервативци и реформатори (ЕКР) исто така претрпеа загуба - сега имаат 61 места, или 15 помалку од 2014.
ЕФДД (Европа на слободата и на директната демократија) има освоено 53 места, односно 12 повеќе отколку пред пет години, а ЕНФ (Европа на нации и на слободата) има освоено 55 пратенички места, или 18 места повеќе во споредба со изборите во 2014.
Повеќе:
Европски избори: Историски лош резултат за германските владеачки партииИднината на владата на Меркел е неизвесна
Ципрас најави предвремени избори во Грција
Одзивот на овие избори, според наводи на Европскиот парламент, е најверојатно највисок „во период од најмалку 20 години". Според портпарол на ЕП, прогнозите велат дека во 28-те земји членки на ЕУ, одзивот изнесува околу 50,5%.