1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Надежи од членството на Германија во Советот за безбедност

Михаел Книге
29 септември 2018

Големи се очекувањата од членство на Германија во Советот за безбедност на ОН. Но остварувањето на сите очекувања може да биде малку проблематично.

https://p.dw.com/p/35ct2
UN Hauptquartier in New York
Фотографија: picture-alliance

Големи се очекувањата и на меѓународната сцена од Германија, откако кандидатурата на Берлин за непостојано место во Советот за безбедност на ОН доби огромна поддршка на почетокот од годинава. Но остварувањето на сите очекувања може да биде малку проблематично. Во текот на Генерално собрание на ОН во Њујорк, се чини дека околу една тема повеќето дипломати и надворешни набљудувачи имаат согласност. Претстојното членство на Германија во најелитниот клуб на ОН, Советот за безбедност е добра работа. „Сите се радуваат на вклучувањето на Германија во Советот за безбедност. Тоа е јасно," изјави Жоао Вале де Алмеида, амбасадорот на ЕУ во ОН. „Ние сме силни поддржувачи на Германија и имаме силно стратешко партнерство со земјата", вели и Фатима Киари Мохамед, амбасадорот на Африканската унија во ОН. „Нивната номинација во Советот за безбедност е одлична работа. Германија е многу важна земја, таа е една од најголемите финансиски поддржувачи на ОН и поради тоа треба да има збор. Ние би сакале тоа да го искористиме", вели и Луис Шарбоне, Директорот на Хјуман рајтс воч на ОН.

Глас за мултилатерализам

Силната поддршка за членство на Германија во Советот за безбедност на ОН ја отсликува и преголемата поддршка која земјата ја доби кога се гласаше за номинацијата во јуни со освоени 184 гласа „за“ од 190. Таа исто така го отсликува и ставот на многумина во меѓународната заедница кои на Берлин гледаат не само како на противтежа на Вашингтон, туку и како на клучен глас за мулитлатерализам и меѓународна соработка која што според многумина е загрозена по доаѓањето на Трамп. Тоа е поради фактот што под водството на американскиот претседател земјата постави курс кој може да се опише како непријателски расположен кон ОН: го напуштија Нуклеарниот договор со Иран кој беше постигнат со посредство на членови на ОН и поддржан со резолуција од Советот за безбедност на ОН, а е надгледуван од Агенцијата за нуклеарна енергија на ОН. Го напуштија и Климатскиот договор од Париз, УНЕСКО и Советот за човекови права на ОН, а на почетокот на месецов ја запреа и финансиската помош за Агенцијата на ОН за палестински бегалци.

USA Fatima Kyari Mohammed
Фатима Киари Мохамед, амбасадорот на Африканската унија во ОНФотографија: DW/M. Knigge

Советникот за национална безбедност на Трамп, Џон Болтон кој е поранешен амабасадор во ОН и силен критичар на организацијата, веројатно најдобро ја сумираше позицијата на американската администрација во однос на ОН, кога неодамна беше прашан зошто Вашинтон не ја напушти организацијата. Тој го цитираше Џејн Кикпатрик, исто така поранешен пратеник во ОН кој рече „бидејќи не вреди маката".

Германија која постојано ја истакнува својата желба да соработува со САД секаде каде што е возможно, исто така постојано повторува дека е подготвена да им возврати на активностите или политиките на администрацијата на Трамп кои ќе бидат против нивните принципи и интереси. Излегувањето на Вашингтон од иранската нуклеарна програма и Климатскиот договор од Париз се примери за клучни области на несогласување меѓу двете земји, исто како и агендата на Трамп „Америка на прво место."

Борба против Трамп

„Не можеме да го сокриеме фактот дека има теми на несогласување со администрацијата на Трамп", вели Амелида, амбасадорот на ЕУ во ОН и додава: „Но истовремено мора да најдеме начин да допреме до американската администрација и да најдеме заеднички области за соработка. Гледам дека тоа е цел и на германската влада и мислам дека тоа е вистинскиот пристап."

Повеќе: 

Германија пред бурни времиња во Советот за безбедност на ОН

Обединетите Нации се беспомошни во новиот свет

Германија според претставникот на АУ, Мохамед, веќе земала во предвид некои негативни позиции на американската администрација. „Сметам дека канцеларката Меркел е многу јасна и гласна во врска со тоа," појаснува таа. „Поради тоа нашите очекувања од Германија се дека ќе го зајакне и зголеми значењето за мултилатералниот систем."

Шарбоне, експертот на Хјуман рајтс воч на ОН, велат дека е многу важно за големите и моќни нации како Германија да возвратат назад на многу опасните сигнали кои ги испраќа администрацијата на Трамп на светот, особено во врска со темите поврзани со човекови права како што е слободата на печатот.

„Путиновци, Ердогановци и Дутертеровци – тие набљудуваат. И тие гледаат зелено светло во тоа ако имате претседател на најмоќната земја во светот кој вели дека новинарите се државен непријател број еден."

UN-Sicherheitsrat
Седиште за Германија во следните две години -Советот за безбедност на ОНФотографија: picture-alliance/Photoshot/Li Muzi

Нема најмал заеднички именител

И додека многу членови на ОН и засегнатите страни даваат широка поддршка за нијансираниот став на Германија визави администрацијата на Трамп исто како и трите клучни теми на коишто сака земјата да се фокусира за време на двегодишниот мандат во СБ – превенција на кризи, борба против климатските промени, промовирање на човекови права – нешта стануваат сѐ покомпликувани кога ќе се погледнат деталите – и надвор од Трамп.

Додека ЕУ природно гледа на улогата на Германија во СБ како зајакнување на влијанието на блокот во Советот, Хјуман рајтс воч се смета дека Берлин треба да го стави во преден план националиот аспект.

„Една од работите кои не сакаме да се случат е Германија да го смета своето место како да е на ЕУ, а не на Германија," вели Шарбоне. Посочувајќи ги прашањата во однос на човековите права во земјите на ЕУ како Унгарија, Чешка и Полска, тој рече дека ЕУ е доста поделена деновиве и дека Германија е морален лидер за голем број прашања поврзани со човековите права, како што е прифаќањето и третманот на бегалците .

„Тоа е во спротивност со голем број европски земји“, рече Шарбоне.„Ние повеќе го сакаме тој начин. Ние не сакаме да видиме ситуација на најмал заеднички именител ". Ако Германија може да ги повлече другите земји во врска со прашањата за човековите права, не само во Европа, туку и во Советот за безбедност, вели Шарбоне, тогаш тоа ќе се смета за голем успех.

USA Louis Charbonneau
Шарбоне: Германија е морален лидер за голем број прашања поврзани со човековите праваФотографија: DW/M. Knigge

Морален лидер

Како пример, Шарбоне ја наведе неодамнешната средба во однос на мировни операции каде рускиот амбасадор коментираше дека човековите права не се поврзани со мировните мисии. „Тоа е она што го туркаат Русија и Кина во ОН", вели Шарбоне, додавајќи дека Германија мора да е предводник на напорите против и во СБ и во комисијата за буџет каде Москва и Пекинг се обидуваат да ги протуркаат ваквите ставови.

Спротивставување на големите сили како Русија и Кина, а ако е потребно и против традиционалните сојузници како САД или ЕУ партнерите, е многу тешко, заклучува Шарбоне, но е од екстремна важност.

„За цело време додека го следам ОН за последниве две децении ова е дефинитивно едно од најтешките времиња за организацијата. Потребна ни е морално лидерство и ако Германија може да ја презема таквата улога тоа ќе биде навистина добро.“