1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Автомобили и мобилност

Германците и нивните автомобили

10 август 2017

Без разлика на скандалот со дизел горивото, автомобилите се дел од германскиот национален идентитет. Но колку е навистина длабока љубовта на Германците кон пријателите на четири тркала?

https://p.dw.com/p/2hzu1
Deutschland Deutsche Autobauer unter Kartellverdach
Фотографија: picture alliance/dpa

Репутација на славните германски автопроизводители доживеа голем удар, но продажбата и натаму расте. Сепак, германските брендови сочинуваат помалку од две третини од сите возила на германските патишта. Притоа се работи за чисто машка „територија“: само една третина од сопствениците на возила во 2017 година се жени. Интересно, таа бројка воопшто не се промени во последната деценија.