Германското малцинство во Романија
18 ноември 2014Поимот „Романски Германци“ традиционално го означува германското малцинство кое живе на територијата на денешна Романија. На последниот попис во 2012 година, околу 40.000 романски државјани се изјасниле за такви. Најголемите групи притоа се Саксонците од Зибенберге кои живеат во центарот на Романија и банатските Шваби во западниот дел од земјата.
Првите германски доселеници уште во 12 век стигнале од Луксембург, Лотринген, како и од бискупиите Келн и Трир во подрачјето на сегашна Трансилванија (Зибенгебирге), која спаѓала во унгарското царство. Унгарските владатели, кои германските доселеници ги нарекувале „Саксонци“, нив ги довеле на источните граници на своето царство, за да можат да ги користат за одбрана од нападите на номадските народи од Мала Азија. Населувањето се вршело во повеќе бранови. Доселениците добиле низа привилегии, вклучувајќи дури и признавање на посебна нација.
Трансилванските Саксонци од реформацијата наваму се определуваат главно како евангелисти-лутеранци. Во текот на вековите тие подигнале свои градови, како на пример Сибињ, Брашов, Сегешвар, чии средновековни градски центри се задржани до денес.
Зибенбиргшко-саксонски корени, освен новиот државен претседател Клаус Јоханис има меѓу другите и пратеникот во Бундестагот и нов претседател на Сојузот на протераните, Бернд Фабрициус, Гинтер Бош, поранешен тренер на германската тениска ѕвезда Борис Бекер, или ХасоПлатнер, соосновач на светски познатиот софтвер-концерн САП.
На крајот на 17 век т.н. банатски Шваби од Јужна Германија се доселиле во регионот на Банат, кој тогаш припаѓал на Хабзбуршката монархија. И нивното доселување се вршело воповеќе бранови.Најголем дел од доселениците потекнувал од сиромашни селски семејства. Тие добиле посебна финансиска поддршка и даночни олеснувања првенствено во време на царицата Марија Терезија. Банатските Шваби се претежно католици. Нивниот најважен град е Темишвар, а потоа Арад и Лугож. Најпознати претставници на банатските Шваби се добитничката на Нобеловата награда за литература Герда Милер и Нобеловецот за хемија Штефан Хел, како и актерот Џони Вајсмилер.
Училишта на германски јазик во Романија
Зибенгебирге и Банат по Првата светска војна припаднале кон Романија. Пред Втората светска војна таму живееле околу 800.000 припадници на германското малцинство во Романија.
Во виорот на Втората светска војна, присилното преселување од странана нацистите и депортациите заради присилна работа во Советскиот сојуз по доаѓањето на Црвената армија во Романија, малцинството било драстично намалено. За време на комунистичката диктатура во 1970-те и 1980-те години повеќедесетици илјади Германци од Романија биле „откупени“ од Германија во рамките на т.н. спојување на семејства.
Но, масивен егзодус следел дури по падот на диктаторот Николеа Чаушеску во декември 1989 година. Во првите години по политичкиот пресврт околу 200.000 Германци ја напуштиле својата романска татковина.
Преку германските народни групи Зибенгебургски Саксонци, банатски Швабi, но и Сату-Маре Шваби и буковински Шваби, се формирани германски училишта, чии почетоци датираат до средниот век. Романската држава ги интегрирала овие германски малцински училишта во своето државно образование. Дури и во време на комунистичката диктатура било можно одржување настава на германски јазик.
Денес во Романија постојат вкупно 61 општообразовни училишта, како и 21 гимназија со оддели или целосно на германски јазик, во кои учат речиси 17.000 ученици.