1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

ите лекари против олабавување на локдаунот

Јенс Јенсен
2 јануари 2021

Здравствениот систем стенка, на клиниките им е итно потребна пауза за да земат здив, велат лекарите. Трговијата пак има поинакви маки.

https://p.dw.com/p/3nRyg
Deutschland | Intensivstation des Universitätsklinikums Aachen
Фотографија: Ina Fassebnder/AFP/Getty Images

Синдикатот на лекарите Марбургер Бунд бара продолжување на локдаунот во Германија. Во текот на празниците, притисокот поради Ковид-19 се зголеми дополнително, изјави претседателката на синдикатот Сузане Јона за медиумите од групацијата „Функе“. Се' помалку медицински персонал се грижи за се' повеќе пациенти на одделенијата за интензивна нега, поради тоа што и лекарите и негувателите се заразуваат со коронавирусот, вели таа.

Оттука, ограничувањето на бројот на контакти мора да продолжи, бара Јона, која посакува „што е можно поединствен став“ на покраинските премиери наредната недела. „Во спротивно, нема да можеме да се справиме со ситуацијата“, изјави Јона.

Uwe Janssens, Präsident der DIVI (Deutsche Interdisziplinäre Vereinigung für Intensiv- und Notfallmedizin)
Уве ЈансенсФотографија: Michael Sohn/dpa/picture alliance

Со ваквиот став се согласува и претседателот на Германското интердисциплинарно здружение за интензивна медицина (ДИВИ), Уве Јансенс. Дури на крајот на наредната недела ќе видиме колку многу Божикот влијаел врз ширењето на Ковид-19, нагласува тој. Ефектите од новогодишната прослава ќе се покажат уште подоцна, рече Јансенс за „Рајнишен пост“.

Иекономистите сакаат продолжување на локдаунот. За економијата највисок приоритет мора да биде „што е можно побрзо ограничување на вториот бран на зараза“, изјави претседателот на Германскиот институт за економски истражувања, Марсел Фрачер. Економско олабавување на мерките во сегашниот момент ќе им биде од краткорочна полза за некои работи, но „долгорочно тоа ќе им наштети на сите“, оцени Фрачер за „Аугсбургер алгемајнен“.

Повеќе:

Локдаунот во Германија ќе биде подолг?

Меркел емотивно на крајот на годината: „Тешки времиња за нашата земја“

Една година подоцна: Што научивме, од појавата на коронавирусот, досега?

Трговијата на мало во меѓувреме алармира дека кризата се' повеќе ја загрозува браншата. Најавената помош од милијарди евра не стигнува до сите, зашто пристапните пречки „се преголеми“, се жали Сојузот на германска трговија (ХДЕ). Според ХДЕ, во наредните месеци се заканува бран на банкроти. „Состојбата е навистина многу сериозна“, изјави раководителот на ХДЕ, Штефан Гент за агенцијата ДПА. Тој нагласува дека прва цел мора да биде повторно отворање на продавниците веднаш штом тоа ќе биде можно од аспект на виролозите и оставање на продавниците да работат. „Не можеме да преживуваме од еден локдаун до друг“, оцени тој.