1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германскиот исток сѐ уште каска зад западот

Среќко Матиќ
8 ноември 2019

30 години по падот на Берлинскиот ѕид, јазот меѓу истокот и западот на Германија не само што сѐ уште е присутен, туку прашање е, сметаат економските стручњаци, дали воопшто ќе исчезне.

https://p.dw.com/p/3SfzZ
Deutschland Die Berliner Mauer 30 Jahre danach | Touristen am Brandenburger Tor | mit Quadriga
Фотографија: DW/H. Rawlinson

30 години по падот на Берлинскиот ѕид, Германија е најсилна економија во Европа. Но каква е состојбата во земјата? Дали и натаму има разлика во стандардот меѓу истокот и западот на Германија? Повторното обединување на Германија -  тоа беше навистина скап проект.

За изградбата и економското заздравување на поранешната Германска Демократска Република, од 1990. до денес потрошени се околу 1.600 милијарди евра. Со државни пари беа обновени патиштата и телекомуникациите, санирани градовите, а многу пари беа вложени и во економијата и во социјалниот систем. Но и покрај сѐ, истокот и натаму заостанува зад западот. Без разлика дали станува збор за висината на платите, за инфраструктурата или за бројот на луѓе на кои им се заканува сиромаштија во староста, разлики и натаму постојат. 

Повеќе:

-Демонстрацијата која отвори пат за пад на Берлинскиот ѕид

-Како борците за граѓански права го фрлија на колена режимот на ГДР

-ГДР – неуспешен диктаторски експеримент

Така, просечната плата на западот во минатата година изнесуваше околу 3.400 евра, а на истокот околу 700 евра помалку. Стапката на невработеност на западот во моментов изнесува 4,8 отсто, а на истокот 6,4. Освен тоа на истокот е многу потешко да се најдат добро платени работни места. Поради полошата перспектива, многу Германци се преселија од исток на запад, така што бројот на население на истокот на Германија опадна за 11 насто. 

Зошто истокот сѐ уште каска зад западот?

Сѐ на сѐ и 30 години по падот на Берлинскиот ѕид, јазот меѓу истокот и западот на Германија не само што сѐ уште е присутен, туку прашање е, сметаат економските стручњаци, дали воопшто ќе исчезне. 

Значи, поранешниот комунистички исток и покрај сѐ, не успева да го достигне стандардот на капиталистичкиот запад. Ако тоа не им успеа на Германците, кои во целиот проект вложија 1600 милијарди евра, што тогаш можат да очекуваат останатите поранешни комунистички земји?