1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германски неонацисти на воена обука во Русија

ЖА /ДВ
5 јуни 2020

Милитантни десничарски екстремисти од Германија, како што пишува „Фокус“, биле обучувани за борбени дејства во логор кај Санкт Петербург. Зад логорот стои злогласно руско движење познато по разгорување расистичка омраза.

https://p.dw.com/p/3dIba
Symbolbild Neonazis
Фотографија: picture-alliance/imageBROKER

Парамилитантната обука на германски десничарски екстремисти во кампот во северна Русија опфаќа ракување со оружје и експлозив. Освен тоа, учесниците биле тренирани за борба гради во гради, известува магазинот „Фокус", повикувајќи се на информации од безбедносни извори. Дел од обучуваните од Германија се припадници на „Младите националсоцијалисти", младинска организација на десноекстремистичката НПД, која е следена од страна на Службата за заштита на уставниот поредок на Германија, а друг дел се припадници на екстремистичката партија „Третиот пат".

Организатор на кампот под име „Партизан" кај Санкт Петербург, според пишувањето на „Фокус", е руското десноекстремно „„Руско империјалистичко движење", РИМ, кое според сопствени наводи се бори за „доминација на белата раса". Во САД оваа организација во април е ставена на листата на глобални терористички групи.

Организацијата во Санк Петербург води два тренинг-кампови. Руските медиуми пишуваат дека групата на ултра-десничарски христијански православни Руси  и во татковината е квалификувана како екстремистичка, но не е забранета. Бројни апсолвенти на логорите за обука, меѓу кои и Финци и Швеѓани, според сознанијата на безбедносните служби, подоцна се приклучуваат кон руските милиции во Источна Украина.

Повеќе:

Политичко убиство кое ја потресе Германија

Сѐ повеќе десни екстремисти во специјалните единици на Бундесверот

Хронологија на неонацистичките убиства во Германија

Меркел и се закани на Русија поради хакерскиот напад

„Фокус“ понатаму објавува дека германските безбедносни служби се инфирмирани за обуката на германски десничарски екстремисти во Русија, но од правни причини не можат да го спречат нивното патување во Санкт Петербург. Истовремено, службите се на мислење дека на рускиот претседател Владимир Путин му е познато постоењето на камповите и тој „ако ништо повеќе, барем ги толерира".

Десноекстремната сцена во Германија и натаму остварува прилив, Службата за заштита на уставниот поредок смета дека на овој спектар припаѓаат преку 30.000 лица.

Германскиот сојузен министер за внатрешни работи Хорст Зехофер во десничарскиот екстремизам гледа „моментно најголема закана за демократската правна држава."