1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

План за олеснет влез за странски работници во гастрономијата

ЕМФ | Тагесшау
5 јули 2022

Германската влада сака да го олесни доаѓањето на странски работници во земјата. По одлуките за олеснет влез за работници на аеродромите, слични планови сега има и за гастрономијата.

https://p.dw.com/p/4DeBk
Deutschland | Coronavirus | Gastronomie Arbeitskräftemangel
Очајна потрага по работници - наместо на таблите пред рестораните да е напишана дневната понуда на јадења, стои оглас за работаФотографија: Frank Hoermann/SVEN SIMON/picture alliance

По одлуката за олеснување на влезот на работна сила на аеродромите, германската влада сега планира поедноставен влез и за работници во гастрономијата.

„Потребата од работна сила се заостри многу поради пандемијата“, изјави германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер. Таа во разговор за ДПА вели дека огромен недостиг на работна сила има не само во воздухопловството, туку и во гастрономијата и хотелиерството.

„Министерот за труд Хубертус Хајл и јас знаеме дека би морало да се донесат олеснувања за странски работници во тој дел“, вели Фезер и додава дека заедно со колегата Хајл уште годинава ќе предложи промени „за во Германија да се донесат добри работници“.

Поради недостигот од работна сила и хаосот кој како последица на тоа настана на германските аеродроми среде летните одмори, германската влада брзо се усогласи околу неопходноста од поедноставно и побрзо носење странски работници. Работниците, кои од странство ќе доаѓаат пред сѐ за подготовка на багажот и чекирање на патниците, би требало да стигнат главно од Турција, но се спомнуваат и балканските земји.

Deutschland Tourismus l Reisechaos am Düsseldorfer Flughafen
Секојдневно отпаѓаат летови, затоа што на аеродромите нема доволно персонал Фотографија: David Young/dpa/picture alliance

За да се зголеми атрактивноста на Германија за стручњаци од странство, треба „да се завршат неколку домашни задачи“, потенцира Фезер. „Потребно ни е побрзо признавање на дипломите и помалку бирократија“, вели министерката за внатрешни работи и тврди дека интензивно работи на тоа заедно со министрите за труд и за образование. Освен тоа, таа подвлекува дека странските работници ќе мора да имаат работа регулирана согласно тарифните договори од која „ќе можат да живеат“. Во тој дел владата е на страната на синдикатите, уверува Фезер.

Пеколен старт на летниот одмор: Хаос на европските аеродроми