1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германска компанија ќе гради 69 ветерници во Кумановско

ДТЗ
12 октомври 2021

На полињата од Куманово до Крива Паланка ќе има 69 ветерни турбини, и ќе снабдува со електрична енергија 290.000 домаќинства. Проектот ќе овозможи годишно намалување на загадувањето за 310.000 тони јаглерод диоксид.

https://p.dw.com/p/41Zcb
Kleine Windanlagen
Фотографија: BWE

Германската компанија ВПД ќе гради 415-мегаватна ветерна електрана на потегот Куманово-Старо Нагоричане-Крива Паланка, во вредност од околу 500 милиони евра. Станува збор за проектот „Вирови“, кој треба да биде готов за шест години. 

„Вирови“ нема да користи никакви повластени тарифи од државата, а 290.000 домаќинства ќе снабдува со електрична енергија. Работи во 28 земји со над 5.000 мегавати на час. Договорот за стратешко партнерство меѓу македонската Влада и ВПД е на 45 години. 

Deutsche Botschafterin in Nord-Mazedonien Anke Holstein
Германската амбасадорка Анке Холштајн вели дека проектот ќе овозможи годишно намалување од 310.000 тони јаглерод диоксид.Фотографија: Dt. Botschaft Nordmazedonien

Најголема гринфилд инвестиција 

„Ова не е само најголемата германска инвестиција во земјата, ова е најголемата директна гринфилд инвестиција во македонската економија од независноста до денес. Таа е доказ дека зеленото сценарио е возможно. Овој проект е повеќе од половина од предвидените 700 мегавати со стратегијата“, најави премиерот Зоран Заев на презентацијата на проектот. 

На полињата од Куманово до Крива Паланка ќе има 69 ветерни турбини, наспроти сегашните 16 на територијата на целата земја.  Германската амбасадорка Анке Холштајн вели дека проектот ќе овозможи годишно намалување од 310.000 тони јаглерод диоксид. 

Андреа Бјорн Шолет, овластен претставник за германската компанија ВПД вели дека ова е прва земја од Западен Балкан која размислува на елиминација на јагленот како средство за обезбедување електрична енергија до 2030 година. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи