1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Од вторник обврска за негативен тест при влез во Германија

ЕМФ | агенции
26 март 2021

Обврската за тестирање доколку за Германија се патува со авион се одлага за два дена и ќе почне од вторник. Причина - потребно е подолго време за подготовки.

https://p.dw.com/p/3rEAq
BG Corona-November in Deutschland | Lufthansa startet Antigen-Schnelltests
Фотографија: Sven Hoppe/dpa/picture alliance

Наместо од недела (28 март), генералната обврска за тестирање на патниците кои во Германија влегуваат со авион ќе важи од вторник (30 март). Терминот е малку одложен за да се добие време за подготовки, изјави денеска сојузниот министер за здравство Јенс Шпан.

Авиокомпаниите информирале дека во голема мера ќе можат да се држат и до првично планираниот термин, но, како што рече Шпан, има земји каде „инфраструктурата за тестирање не е толку добра“. Таму авиокомпаниите ќе мора да организираат понуди за тестирање.

Според министерот за здравство, „оној кој нема негативен тест, нема да биде примен“.

Berlin Corona Testzentrum Antigen Schnelltest
Фотографија: John MacDougall/AFP/Getty Images

Новото правило важи без оглед на тоа каква е ситуацијата со коронавирусот во земјата од каде што се доаѓа. Тестот не смее да биде постар од 48 часа пред патувањето.

Повеќе: 

Тестови за корона: Хаос на границата помеѓу Германија и Полска

Борба за живот на интензивна: „Правиш сѐ, но на крајот е залудно“

Ковид во Германија: Мрачно расположение, но и надеж

Трошоците ќе ги сносат самите патници. Авиокомпанијата смее да го пушти патникот во авион само ако тој има негативен тест или во спротивно ќе се соочи со казна. Правилото важи само за летовите, а не за патувањето на друг начин.