Германија си го собира златото
21 декември 2016Патиштата за транспорт се, се разбира, строга тајна, зашто станува збор за тони чисто злато. Златото треба да се донесе во трезорите на Бундесбанката во Франкфурт. Досегашниот план предвидуваше до 2020 година во сопствените трезори да биде складирана половина од резервите со злато. Според најновите податоци, Германија поседува 3381 тони злато.
Првиот човек на Бундесбанката, Карл-Лудвиг Тил, за германската агенција ДПА изјави дека процесот на собирање на златото се одвива „согласно временскиот план“. Банката почна да го собира златото во 2013 година. Претходно, само 31% од германските резерви со злато се наоѓаа во Германија. Колку злато е собрано во 2016 година банката ќе соопшти во јануари. Германија има повеќе од 270.000 инготи злато, или поседува втори по големина резерви со злато. Во времињата на Студената војна се сметаше за посигурно доколку германското злато лежи во трезорите во Њујорк, Лондон или Париз.
Германските граѓани и приватно поседуваат огромни количества злато. Нивните резерви на злато изнесуваат 8672 тони. Речиси половината од тоа се чува во форма на бари или монети, а речиси 4000 тони злато е во форма на накит. Истражувачите од еден приватен универзитет во август годинава проценија дека вредноста на приватните резерви на злато изнесува - 375 милијарди евра.