1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

290611 Freiwilligendienst

1 јули 2011

Од денеска (01.07.) во Германија не постои воената обврска, туку во воена служба можат да стапат само доброволци. Тоа го става Бундесверот пред нови предизвици.

https://p.dw.com/p/11nOx
Soldaten mit Maschinengewehren des Logistikbataillons 171 marschieren am Freitag (01.04.2011) zum Rückkehrerappell der Bundeswehr in der Clausewitz-Kaserne in Burg (Kreis Jerichower Land) auf. Rund 370 Soldatinnen und Soldaten sind hier nach ihrer Rückkehr von einem ISAF-Einsatz in Afghanistan mit einer militärischen Zeremonie empfangen worden. Foto: Jens Wolf dpa/lah
Фотографија: picture alliance/dpa

Реформата предизвика сомнежи во јавноста дека нема да има доволно кадри или пак дека ќе се пријавуваат лица, кои имаат погрешна мотивација, како на пример претераната наклоност кон примена на сила. Во секој случај вработените во Бундесверот сега мораат многу поактивно да ги бараат идните колеги.

Затоа летово во голем број градови ширум Германија на главните плоштади можат да се видат припадници на армијата кои спроведуваат информативни кампањи во потрага по нови регрути. На плоштадите има воени возила, кои го привлекуваат вниманието на минувачите, се организираат квизови, а целата акција ја водат добро обучени кадри. Тие главен акцент не ставаат на оружјето и ангажманите во странство, туку на професионалните перспективи што на младите може да им се отворат преку службата во Бундесверот. Тој имено нуди 20 разни факултетски насоки и обука за вкупно 60 професии. Услов за тоа е младите да е обврзат дека подолго време ќе останат на служба во некој од трите рода на германската армија. Понудата важи како за машките, така и за жените, кои имаат право на служба во армијата од 2002 година. „Некоја девојка може исто така да стане автомеханичарка или да се обучува за некое друго техничко подрачје. Од друга страна, младите момчиња можат да се пријават за административни работи во канцеларија. Не правиме повеќе никакви разлики“, појаснува советничката на Бундесверот за професионална ориентација, Катлин Штајн.

ARCHIV - Soldaten des Raketenartilleriebataillons 132 der Bundeswehr sind im thüringischen Sondershausen zum Appell angetreten und stehen vor einer Werbewand der Bundeswehr (Archivfoto vom 12.04.2011). Ein internes Gutachten aus dem Verteidigungsministerium warnt vor dramatischen Folgen, falls die Sparvorgaben für die Truppe beibehalten werden. Bei einem Volumen von 8,3 Milliarden Euro bis 2015 könnten nur noch 158 000 Soldaten finanziert werden, heißt es in dem Geheimpapier, aus dem die «Bild»-Zeitung am Donnerstag (21.04.2011) zitierte. Nach der derzeitigen Beschlusslage des Kabinetts soll die Bundeswehr von derzeit 226 000 auf bis zu 185 000 Soldaten verkleinert werden. Foto: Martin Schutt dpa (Zu dpa 0512) +++(c) dpa - Bildfunk+++
Фотографија: picture alliance/dpa

„Сакам да се борам во Авганистан“

Оливер има 17 години и седи на платформата на голем воен камион на разговор со потполковникот Денис Буркерт, кој моментално е во улога на советник.

„Зошто се интересираш за Бундесверот?“

„Заради заедништвото.“

„А, добро! А дали се доживуваш повеќе како борец на бојно поле или сакаш повеќе да се стекнеш со соодветна наобразба, да се остручиш?“

„Повеќе како борец!“

ARCHIV - Bundeswehrsoldaten gehen am 30.09.2008 auf einer Marktstraße in Talokan bei Kundus, im Norden von Afghanistan, auf Streife, um Kontakt zur Bevölkerung aufzunehmen. Der Zustand der bei einer gewaltsamen Demonstration vor einem Bundeswehrcamp in Talokan verletzten beiden deutschen Soldaten ist stabil. Das teilte die Bundeswehr am Mittwoch (18.05.2011) auf ihrer Internetseite mit. Die beiden Deutschen und vier afghanische Wachmänner seien verwundet worden, als Demonstranten in der nordafghanischen Provinzhauptstadt Talokan Handgranaten und Molotowcocktails warfen. Die Verletzten würden nun im Bundeswehrlager versorgt. Foto: Maurizio Gambarini +++(c) dpa - Bildfunk+++
Германски војници во мисија во АвганистанФотографија: picture alliance/dpa

„Добро! Можеш ли да кажеш каде би сакал да се бориш?“

„Да, во Авганистан!“

Ваквата решителност во изјавите на некои од кандидатите предизвикува сомнеж во нивната мотивација, имено дека зад желбата да се стане војник може да се крие агресивен карактер, кој што е премногу наклонет кон насилство.

Пропаганда и во училиштата

Воените советници одат и во училиштата, каде за време на наставата се обидуваат да им ги објаснат предностите од воената служба на младите. Потполковникот Денис Буркерт вели дека одзивот не е лош, но време за опуштање нема. Младите често знаат да кажат и дека воената служба не ги привлекува, бидејќи таа подразбира голема мобилност и преместување на местото на служба, а тие би сакале да се блиску до семејството. На други, пак, воениот живот им носи премногу дисциплина и ограничувања во животот. За нив би биле предолги и шесте месеци доброволно служење воен рок, а камоли да посакаат да останат во Бундесверот неколку години.

Автор: Волфганг Дик / Горан Чутаноски

Редактор: Симе Недевски