1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија се бори со себеси

Инес Пол
19 март 2018

Нецела недела на функцијата, новиот германски министер за татковина поларизира со изјави за исламот. Со тоа, тој поттикнува дебата, која е важна. Само што го прави тоа на фатално погрешен начин, смета Инес Пол.

https://p.dw.com/p/2uZCK
Horst Seehofer - Innenminister - Islam und Deutschland
Фотографија: picture alliance/dpa/S. Hoppe

Тоа одеше брзо. Во своето прво интервју, новиот германски министер за татковина Хорст Зехофер (насловна фотографија) јасно кажува како тој има намера да ја води дебатата за татковината и интеграцијата: преку поларизација и исклучување. Во неговата реченица „Исламот не ѝ припаѓа на Германија" се крие токму фаталниот потпалувач на оган, кој натамошно ја разгорува поделбата на Германија. И тоа во време кога има сѐ повеќе и повеќе напади врз џамиите и исламските институции.

Повеќе:

-Германија - „Кога горат џамиите, гори нашата земја“

-Ова е новата влада на Ангела Меркел

-Владата на Меркел треба да ја врати загубената доверба

Ова не е опасно само за соживотот во Германија, туку конечно и закана за кохезијата на Европската унија. Бидејќи во еден дух на дискриминација и разграничување, Унијата едвај ќе може да преживее. Барањето на Зехофер за неограничено ставање вон сила на Шенгенскиот договор ќе доведе до натамошна неизвесност.

Пропуштена шанса

Но, не е само опасно што Хорст Зехофер се одлучи за овој тон. Тоа е исто така и пропуштена шанса. Тоа го покажува не само вжештената дебата, која човекот од Баварија со тоа - уште еднаш - ја предизвикува.

Додека едната страна налутено реагира, другите гласно аплаудираат: „Конечно, некој кој го кажува она што мислиме".

Ines Pohl Kommentarbild App
Инес Пол, главна уредничка на ДВФотографија: DW/P. Böll

Присебна личност не би го распламтувала овој конфликт со тврди реченици. Токму затоа што е нов на функцијата, тој има шанса да им пристапи на проблемите на многу Германци, на несигурноста, на чувствата на загрозеност со сослушување и потпрашување. Четири милиони муслимани живеат во Германија. Тоа е факт. Кој вели дека нивната вера не ни припаѓа нам, во крајна линија им помага на екстремистичките сили.

Кој ислам ѝ припаѓа на Германија?

Зошто Зехофер едноставно не праша, кој ислам ѝ припаѓа на Германија? И со тоа да ги обврзе и исламските здруженија на оваа земја да соорганизираат мирен соживот и да носат сооодговорност за тоа? Зошто не се обиде да работи со муслиманките и муслиманите кои стојат цврсто на тлото на нашиот устав? Кои толку само по себе разбирливо се залагаат за еднакви права на мажите и жените како и против дискриминацијата на хомосексуалците? Тоа би бил духот со кој новата германска сојузна влада треба да се справи со предизвиците на интеграцијата. И конструктивен начин за осврнување кон стравовите на оние кои ја избраа десничарско популистичката партија Алтернатива за Германија (АфД) во германскиот парламент.

Не е случајно тоа што на Германија ѝ требаше речиси половина година да формира влада. Тоа е одраз на тоа колку Германија фундаментално се бори за својот идентитет како доселеничка земја. Постојаното фокусирање врз исламот притоа е само уште еден доказ за беспомошност.