1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Како светот ја гледа Германија?

Штефан Деге
9 јули 2021

Кои се предностите и силните страни, а кои се слабостите на Германија? Еве што покажа една нова студија за тоа како светот гледа на Германија.

https://p.dw.com/p/3wGT5
Symbolbild I Deutsche Sprache und Kultur im Ausland
Октоберфест е една од првите асоцијации на луѓето во светот кога се зборува за германската култураФотографија: picture-alliance/F. Diemer

Во рамки на студијата „Поглед однадвор - Меѓународни перспективи за Германија во време на корона“, која во Берлин ја претставија три германски организации - Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЦ), Германската служба за академска размена (ДААД) и Гете-институтот - во јануари годинава биле анкетирани над 620 експерти од културата, науката и меѓународната соработка од 37 земји во светот. Со 50-мина од нив потоа се направени и поголеми интервјуа.

Канцеларката Ангела Меркел, која имаше видео-обраќање на презентацијата на студијата, за резултатите од истражувањето рече дека се „фасцинантна моментална слика со делумно очекувани, но и изненадувачки одговори“. Позитивните оценки се потврда за досегашниот ангажман, но и поттик за иднина. „Критичките коментари треба да бидат поттик за да се работи на подобрувања“, рече канцеларката.

Навистина, документот од 120 страници изгледа како список на она што треба да го направи новата влада која ќе биде избрана наесен. Целта на студијата е „споредба на сопствените и туѓите претстави“ за Германија, објаснија претставниците на ГИЦ, ДААД и Гете-институтот.

Повеќе: Германската надворешна политика по Меркел

Треба да се подобри заштитата на климата

Германија во суштина има добри оценки за својата економска сила, демократската стабилност и културата. Подобрувања се неопходни во делот на дигитализацијата, климата за иновации и пристапот до универзитетите. И, во Германија има голем интерес за еколошки теми, но, според анкетираните, заштитата на животната средина не е доволно застапена како тема во компаниите.

Weltspiegel 6.5.21 | Deutschland Greenpeace-Aktion Brandenburger Tor Berlin
Треба да се направи повеќе за заштита на животната срединаФотографија: Jörg Carstensen/dpa/picture alliance

Исто така, учесниците во истражувањето сметаат дека Германија „недоволно“ се соочува со своето колонијално минато. Како еден од најголемите ризици се наведува зголемувањето на популистички и екстремистички тенденции. Учесниците во истражувањето наведуваат дека во изминатите години во Германија наишле на помалку пријателско расположение и почесто имале чувство дека не се добредојдени.

Според студијата, Германија во меѓународни рамки би требало да заземе појасна позиција, без притоа да настапува доминантно. На пример, од надворешнополитички аспект ќе биде значајно како Германија во иднина ќе делува во полето на тензии меѓу Кина, САД и Русија, притоа истовремено залагајќи се за силна Европа, објаснуваат ГИЦ, ДААД и Гете-институтот.

Повеќе: Сѐ повеќе Македонци учат германски јазик

Културата ужива висок углед

Германија би можела во делот на истражувањата, науката, уметноста или филмот да има уште поголема меѓународна размена, сметаат учесниците во истражувањето. „На Германија и натаму се гледа како на земја на култура со меѓународно зрачење“, резимира Јоханес Еберт, генерален секретар на Гете-институтот. „Тоа што театрите и музеите добиваа голема финансиска поддршка и во време на пандемија, се оценува како јасен став на општеството за значењето на културата.“ Според студијата, културните и научните врски на Германија со својата кооперативност се особено признати во светот.

Deutschland | Coronavirus | Symbolbild Bundesadler, Föderalismus
Фотографија: Bildagentur-online/Ohde/picture alliance

Како Германија се справува со пандемијата?

Колку добро Германија излегува на крај со пандемијата е прашање кое исто така беше дел од студијата за „погледот однадвор“. Одлични оценки има за германското менаџирање со кризата на почетокот на пандемијата, пролетта 2020 година. Она што предизвикува зачуденост во светот, меѓутоа, етемпото на почетокот на вакцинирањето во Германија, како и недоволната подготвеност на населението да се придржува до корона-правилата.