1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија: реформи и нов замав во евроинтегративниот процес

1 јуни 2017

Германското Министерство за надворешни работи го поздравува изборот на новата влада и очекува итно зафаќање со спроведување на реформите.

https://p.dw.com/p/2e0GD
Deutschland Berlin Auswärtiges Amt
Фотографија: Imago/STPP

Германската влада го поздрави изборот на новата влада во македонскиот парламент. Министерството за надворешни работи соопшти дека од владата предводена од премиерот Зоран Заев се очекуваат итни реформи. 
„Очекуваме од новата влада одлучно да започне со спроведување на неопходните реформи, за да се надмине политичката криза и да се донесе нова динамика во евроатлантската интеграција на земјата.“ 
Задачите, соопштува германското МНР, се јасни: „зајакнување на правната држава, слобода на говорот и на медиумите, имплементација на Пржинскиот договор и зајакнување на работата на Специјалното јавно обвинителство. Германија ќе ја поддржува земјата во тие напори како нејзин доверлив партнер“.