1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Четвртина од германското население има мигрантско потекло

БГ /АФП
28 јули 2020

Секој четврти жител на Германија е имигрант или има имигрантско потекло, покажува официјалната статистика за 2019 година. Најголема група се Турците.

https://p.dw.com/p/3g41y
Deutschland Menschen mit Migrationshintergrund
Фотографија: picture-alliance/Bildagentur-online

Околу 21,2 милиони, или 25% од целото население во Германија, имаат мигрантско потекло, покажуваат податоците од микро-пописот за 2019 година кој го спроведува Сојузното биро за статистика. Тоа е зголемување за 2,1% во однос на претходната година, но и најмало процентуално зголемување од 2011 година досега.

Најголемата заедница, речиси 13% од сите жители со мигрантско потекло, е со потекло од Турција или со корени оттаму. Зад нив следат лицата со потекло од Полска и Русија. Севкупно, 65% од сите имигранти во Германија имаат европско потекло.

Во Германија, едно лице се смета дека има „мигрантско потекло“ доколку тоа, или најмалку еден од родителите, бил роден како не-германски државјанин. Околу 11,1 милиони луѓе, или 51% од вкупната бројка на луѓе со мигрантско потекло, биле родени како германски државјани.

Symbolbild: Integration von Flüchtlingskindern
Севкупно, 65% од сите имигранти во Германија имаат европско потекло.Фотографија: picture-alliance/P. Pleul

Се уште постои голема разлика во бројките на имигранти кои живеат во западна и источна Германија. Северозападниот град-држава Бремен има најголем процент на население со мигрантско потекло- 36,5% од вкупното население, додека во источната покраина Тирингија таа бројка е само 7,8%.

По поделбата на Германија на источна и западна по Втората светска војна, Западна Германија покани милиони ткн. гастарбајтери да помогнат во обновата на земјата, и најголемиот дел од нив останаа засекогаш.

На релативно мал број странци им беше дозволено да живеат и работат во Источна Германија. 30 години по повторното германско обединување во 1990 година, овие разлики се уште се видливи.

Новите податоци исто така покажуваат дека луѓето со имигрантски корени се уште се далеку повеќе ангажирани во ниско платени професии и недоволно застапени во професии кои бараат академско звање. На пример, тие сочинуваат повеќе од 55% од чистачите и 30% од геријатриската грижа, но само 11% од учителите.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи