1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фотографија на денот: Борба за станови

ЕМФ
16 април 2021

„Ние само сакаме станови кои ќе можеме да ги платиме“ - стои на плакатот кој оваа жена го носеше на вчерашните демонстрации во Берлин.

https://p.dw.com/p/3s65p
Deutschland Kundgebung gegen BGH-Urteil zum Mietendeckel
Фотографија: Christoph Soeder/dpa/picture alliance

Повеќе илјади луѓе се собраа на протести против одлуката на Уставниот суд за укинување на ограничувањето на висината на станарините, или т.н. „Митендекел“ (во слободен превод: капак за станарините). Тие не сакаа да се растурат и по завршувањето на протестниот марш, по што, како што соопшти полицијата, морало да се интервенира. Весникот „Тагесшпигел“ пишува за безредија и фрлање со шишиња, како и уапсени. Полицијата најави детали за случувањата во текот на денешниот ден.

Уставниот суд вчера пресуди дека правилото за ограничување на станарините во Берлин не е во согласност со Уставот. Политичари и синдикалци по оваа одлука се изјаснија за тоа проблемот со високите станарини во Германија да се решава на сојузно ниво.

Во моментов во цела Германија недостасуваат околу 670.000 живеалишта– претежно станови со достапна кирија и социјални станови. Според Алијансата за социјално домување, 43.000 социјални станови секоја година исчезнуваат од пазарот. Огромната побарувачка по недвижности, особено во големите градови и густо населените региони, постојано го заострува проблемот.