Германија - Големиот брат те набљудува?
18 декември 2012Постојат камери кои ја надгледуваат главната железничка станица во Бон. Само, снимки од минатиот понеделник (10.12.2012) нема. Снимки кои би можеле да покажат како била поставена сината чанта со експолозив на првиот перон на станицата, и пред се’ кој го сторил тоа. „Во целиот град може да се постават камери, но ако тие не функционираат, тогаш никому не му користат“, рече Чем Ездемир, претседател на партијата на Зелените во разговор за ДВ.
Камерите во Бон, кои се во надлежност на германски железници, не направија снимки од обидот за бомбашки атентат минатата недела. Полицијата се сомнева дека станува збор за сторители од екстермистичката сцена на салафистите во Бон и користи изјави на сведоци како и снимки од камерата за набљудување на еден ресторан за брза храна во близина на железничката. Германскиот министер за внатрешни работи Ханс Петер Фридрих затоа се залага за проширување на видео набљудувањето на јавните места во Германија.
Снимките ги лиферуваат приватни компании
„Полицијата има многу малку камери и тоа исклучиво во областа на сообраќајот“, појасни Рајнхолд Бергман, портпарол на минхенската полиција за ДВ. Но: „Многу добро ни е познато, каде фирмите имаат поставено камери, кои можеме да ги користиме“. Меѓутоа соработката е доброволна. Исто така по поравило снимките се чуваат меморирани една недела, по што се бришат.
Бергман смета дека има смисла да се надгледува јавниот простор. Доколку би имало повеќе камери за набљудување, тогаш полицијата со сигурност почесто би ги користела, појаснува тој. Конечно снимките би можеле да помогнат, да се добијат податоци за осомничени лица, да се поврзат работите и да се реконструира некое дело, како на пример при исто така неуспешниот обид за бомбашки атентат во Келн 2006 година.
Лондон - град под камери
Повеќе камери за набљудување - тоа за Чарлс Фарир е кошмар против кој се бори со години. Англичанецот раководи со организацијата „No-CCTV (Closed Circuit Television)“ - како што се нарекуваат камерите за набљудување на англиски: „Еден Лондончанец повеќе од 300 пати дневно се регистрира на камерите“, вели Фарир. Имено Лондон е главен град на камерите. Колку ги има никој не знае точно. Според податоци на полицијата можеби има еден милион, вели Фарир. Впрочем точниот број и не е толку важен. „Девет од десет посетители се шокирани од многуте камери во Лондон. Нам ни е сеедно колку ги има -фактот што ги шокира луѓето е доволен“.
Тој стравува за неговите права: уште сега сопствениците на баровите и продавниците си разменувале снимки од непожелни муштерии. „Тие креираат црни листи, кои исто така ги користи и полицијата“. На прашањето дали на тој начин барем се спречуваат кривични дела или барем побрзо се расветлуваат, Фарир има негативен одговор.
Исто така и Франк Нојбахер од Институтот за криминологија на универзитетот во Келн е убеден, дека повеќе видеокамери на јавните места не е „рецептот за заштита или за расветлување на кривични дела“. Веќе има доволно камери во јавниот простор и во зградите, но насилствата, со исклучок на кражба на автомобили, во многу случаи не се спречени.
„Терористите делуваат од убедување“
За тоа, спроед проценките на Нојбахер, има повеќе причини: Честопати камерите, кога е темница, продуцираат материјал кој не е употреблив. Освен ова сторителите, слично како при кражба, можат да се маскираат за да го избегнат набљудувањето од камерите. Многу сторители делуваат во афект, спонтано без притоа да размислуваат за последиците или, пак, да се информираат за камерите.
„Во областа на екстремизмот и тероризмот сторителите делуваат од убедување - без обѕири какви последици би можело да има делото за нив, за нивнитот живот или нивната слобода“. Повеќе закони, а со тоа и камери, според Нојбахер, автоматски не би донеле поголема безбедност. Едно „важно средство за превенција“ тој гледа на друго место: во јавноста.
И политичарот од редовите на Зелените Чем Ездемир има сличен став. Познато е дека во Бон живеат салафисти, значи приврзаници на едно ултраконзервативно толкување на исламот. Меѓутоа тоа е многу мало малцинство. „Мнозинството муслимани го презираат салафизмот. Имено тој е закана за нивниот животен стил. Тие немаат ништо со него“.
Затоа министерството за внатрешни работи, наместо да постави повеќе камери би требало да се приближи до умереното муслиманско мнозинство во Германија. Конечно тие најбрзо можат да забележат, доколку нивните деца се радикализираат.
Ездемир е уверен дека потребата за безбедност на луѓето е повеќе задоволена, ако на улиците има повеќе полиција. „Дали насекаде помагаат камерите, за тоа ставам голем знак прашање“.