Германија бара 1.000.000 работници
29 јуни 2018Работа има, а нема работници - и тоа е голем проблем на кој укажуваат сѐ повеќе германски фирми. На Германија во моментов ѝ недостасуваат 440.000 висококвалификувани работници.
Само во електроиндустријата има кусок од 50.000 инжинери, во ИТ-секторот околу 55.000 стручњаци, додека во машиноградбата околу 11.000 - односно 50% повеќе од минатата година.
Во меѓувреме дури 60% од германските фирми истакнуваат дека недостатокот на квалификувани работници им е најголем деловен проблем.
Повеќе:
Германија: новиот модел за вработување луѓе од Балканот функционира добро
По 14 македонски работници дневно доаѓаат во Германија
Според некои прогнози, на Германија во 2030 година може да ѝ недостасуваат преку 3 милиони квалификувани работници.
Во моментов слободни се преку 1 милион работни места, но има и исто толку долгорочно невработени лица.