1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германец и двајца Американци носители на Нобеловата награда за хемија

АТ/ ндр8 октомври 2014

Германско-американско трио годинава е одликувано со највисоката светска награда за научни истражувања - Нобеловата награда за хемија.

https://p.dw.com/p/1DS3k
Фотографија: Jonathan Nackstrand/AFP/Getty Images

Нобеловата награда за хемија годинава оди во Гетинген во рацете на научникот Штефан Хел, кој ја дели наградата со Американците Ерик Бетциг и Вилијам Морнер, соопшти Кралската шведска академија на науките во Стокхолм.

„Не можев да верувам“, рече Хел по објавувањето на носителите. „Ми требаше време да го сфатам тоа“. Хел е директор на Макс-Планк Институтот во Гетинген за биофизикална хемија и раководи со одделот Нано-биофотоника. Освен тоа тој раководи и со одделот Оптичка наноскопија на Германскиот институтот за истражување на ракот во Хајделберг.

Хел е повеќепати наградуван, а сега следува и најреномираната светска награда. Нобеловата награда за хемија е дотирана со осум милиони шведски круни (880.000 евра).

51 годишниот Хел ја добива наградата за неговите пионерски истражувања во нано-науката, поточно за развојот на флуросцентната микроскопија со висока резолуција. Хел ги концепираше оптичките микроскопи (микроскопи кои создаваат многупати зголемени слики од мали, за човечкото око чесопати невидливи структури или објекти со помош на оптички ефекти), кои овозможуваат поглед во живите телесни ќелии. Според Макс-Планк институтот, обичните оптички микроскопи неможат да отсликаат објекти, кои меѓусебе се оддалечени помалку од 200 нанометри. Кај таканаречените СТЕД-микроскопи Хел се послужи со трик: со помош на специјален светлосен зрак областите кои се наоѓаат една покрај друга на секвенци се затемнуваат. Така не зрачат истовремено, туку последователно. На тој начин можеа да се истражуваат деталите на ќелиите со десетпати подобра острина, се вели од Институтот. На тој начин на пример можело да се откријат дефекти во гените или оштетувања на ќелиите - што меѓу другото е важно во терапиајта од рак и за развој на нови лекарства.

Едноставно неверојатно!

„Седев на работната маса, кога ми се јавија од Стокхолм“, вели Хел кој е роден во Романија. „Премногу сум радосен, што мојата работата и работата на моите соработници ја доби највисоката награда, која може да се добие како научник“.

Ерик Бетциг исто како и Хел беше целосно изненаден од наградата: „Јас сум како вкочанет“. „Половина час гледам во мојот компјутер, но исто така би можел да гледам во Ништо“. Секој научник си замислува, како би било кога би му била врачена Нобеловата награда, раскажува Бетциг. „Но сериозно не сметаш на тоа“. Бетциг во моментов е во Минхен, за да одржи предавање и истото ќе го стори. Забавата ќе биде одложена. „Во петок и е роденден на ќерка ми. Тогаш двајцата можеме да прославиме“, вели 54 годишниот Бетциг.