1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Напредок во спорот за укрaинското жито

СН/агенции
14 јули 2022

Во спорот за извозот на жито од Украина, Киев и Москва ги приближиле ставовивте. На директниот состанок во Истанбул се говорело за заеднички контроли и безбедни рути за извозот на житото.

https://p.dw.com/p/4E6LY
Транспорт на жито во близина на Одеса, Украина
Транспорт на жито во близина на Одеса, УкраинаФотографија: STR/NurPhoto/picture alliance

Украинскиот претседател Володимир Зеленски гледа добри шанси извозот на украинското жито блокиран од страна на Русија наскоро да биде ослободен. „Украинската делегација ме информираше дека има одреден напредок“, рече Зеленски во своето редовно видео обраќање. Тој притоа мислеше на преговорите во Турција за укинување на руската поморска блокада на украинските пристаништа.

Во наредната недела делегациите на Украина и Русија сакаат да се сретнат по вторпат во Истанбул. Ова го соопшти турскиот министер за одбрана Хулуси Акар по првата средба во метрополата на Босфорот.

Украина: Нагазни мини по нивите, блокиран извоз на жито од земјата

Тој сигнализираше дека следната недела може да биде објавен договор за ослободување на  20 до 25 милиони тони жито што моментално се складирани во украинските пристаништа. Делегациите се договорија за „заеднички контроли“ во пристаништата и за мерките за „обезбедување на транспортните патишта“ преку Црното Море.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш зборуваше во Њујорк за „одлучувачки чекор“ кон постигнување на решение за спорот.

Разговорите, во кои учествуваат Турција и Обединетите нации, беа први директни преговори меѓу Русија и Украина од март годинава. Пред војната, Украина беше еден од најголемите извозници на жито во светот. Недостатокот на тој извоз предизвикува криза со храна ширум светот.