Волшебната формула на германските Зелени гласи: “4 пати по 25 проценти”
14 јануари 2005�ивото да се алтернативни горива.
Атмосферата на традиционалната новогодишна средба беше опуштена, се точеа реки шампањско: прво по повод 25-от роденден на партијата, а актуелно поради подобрениот рејтинг на сојузната влада во најновите анкети на јавното мислење и посебно поради сопствената извонредна позиција на Зелените. До пред само една година ќе беше сметан за фантазер оној што веруваше дека социјалдемократите и Зелените во 2006-та година ќе можат уште еднаш да победат на парламентарни избори; сега тоа повторно се чини можно. Шефот на фракцијата во Бундестагот Катрин Геринг-Екарт сепак опомена на претпазливост: “Ако севкупно се погледа позицијата на Зелените, мора секако да се каже дека стоиме добро. Но, тоа не значи дека ние не мора да се напрегнуваме. Тоа ќе го направиме на претстојните покраински парламентарни избори во Шлезвиг-Холштајн и во Северна Рајна Вестфалија”.
Резимето на тематскиот конгрес на Зелените гласи: да не се загуби сега еланот потпирајќи се врз анкетите, но да не се започнува ни никаков ненужен спор со социјалдемократите. Тоа може да биде тежок од по работ на пропаста: ако се покажат дефицити во реформата на пазарот на труд, која штотуку стапи на сила, тогаш Зелените сакаат да бидат направени брзи промени. СПД, напротив, сака ако е можно да нема никакви коректури. Освен тоа, мнозинството на Зелените е за натамошно еколошко насочување на даночниот и на финансискиот систем, како на пример преку нови даноци за моторни возила, кои би зависеле од количеството на емисиите на штетни гасови. Тие планови ги налутија социјалдемократите, па дури и некои од Зелените предупредија од поведување нова дебата за зголемување на данокот. Еколошкиот експерт на Зелените Рајнхард Лоске сепак уверуваше дека Зелените побргу мислат на прераспределба на данокот – на пример, повеќе железнички, помалку воздушен сообраќај. “Напуштање на нафтата за нас значи вртење кон сонцето и штедење на енергија, а не преоѓање кон јаглен. Тука веќе можете да помислите дека демнат конфликти со коалициониот партнер. Но, има и заеднички нешта: конкретно се договоривме дека сакаме повеќе да сториме за санирање на стари згради, да го повластиме железничкиот сообраќај со тоа што за подалечни патувања со воз би се плаќал само половина данок. Средствата неопходни за тоа би ги мобилизирале со барем делумно кратење на субвенциите на воздушниот сообраќај” – рече Лоске.
Волшебната формула, според Зелените, гласи “4 пати по 25 проценти”: до 2020-та година 25 проценти од применетите материјали да потекнуваат од обновливи суровини, 25 проценти од струјата и 25 проценти од користената топлиона да се обезбедуваат од обновливи енергии, како и 25 проценти од горивото да се алтернативни горива. Смел концепт, толку смел, што дури и надлежниот министер од сопствените редови Јирген Тритин во протоколот ја наведе својата скепса дали е тоа изводливо. Слично сомневање искажа и Јирген Хуберт, член на Управниот одбор на ДајмлерКрајслер, кој беше гостин на собирот во Верлиц. Но, и самото негово присуство на конгрес на Зелените би било незамисливо до пред неколку години.