Семејството Бачевски својот живот го подредило на живеење во хармонија со природата. Во колевката на словенската цивилизација, Охрид, професионалниот и приватниот живот го посветуваат на нејзиното вреднување. Славко е уметник, занаетчија, а Сања е инженер по хортикултура и одгледува микро билки наречени суперхрана поради нивната нутритивна вредност.