1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во масовна паника загинаа 717 аџии

З. Јордановски / дпа/афп/ртр24 септември 2015

Несреќата се случи во Мина, за време на ритуалот на муслиманските верници за каменување на ѓаволот. Слични несреќи имаше повеќепати. Годинава на аџилак во Мека се дојдени повеќе од два милиона верници.

https://p.dw.com/p/1GcWk
Фотографија: Reuters/Saudi Civil Defense agency

Во масовна паника што настана за време на аџилакот во близина на Мека, според досегашните офцијални наводи на саудиските власти, загинаа 717, а повредени се најмалку 805 лица. Жртвите се од различни земји. Несреќата се случи во местото Мина, каде муслиманските верници на третиот ден на аџилакот симболично го каменуваат ѓаволот. Досега не се соопштени подробности за причините што ја предизвикаа паниката.

Во Мина и во 2006 година се случи тешка несреќа, кога исто така во масовна паника загинаа 350 муслимански верници. Потоа беа преземени повеќе градежни зафати со кои требаше да се обезбеди непречено одвивање на ритуалот и да се спречи голем притисок од маса луѓе. Верниците по таа катастрофа беа така насочувани, што веќе не им се вкрстува патиштата. Освен тоа, властите на Саудиска Арабија изградија петкатен објект од кој верниците го каменуваат ѓаволот.

Според медиумите во земјата, годинава на аџилак во Мека се дојдени повеќе од два милиона верници, од кои речиси 1,4 милиони од странство. За нивна безбедност е ангажиран голем број на припадници на силите за безбедност. Аџилакот спаѓа меѓу петте столбови на исламот. Секој верник-муслиман, кој е здрав и може да си го дозволи тоа, треба еднаш во животот да оди на аџилак во Мека.

Saudi-Arabien Hadsch Massenpanik in Mina
На аџилак во Мека се дојдени повеќе од два милиона вернициФотографија: picture-alliance/AP Photo/M. Elshamy

Во светиот град на муслиманите постојано доаѓа до несреќи за време на аџилакот. Годинава на само неколку дена пред почетокот на аџилакот загинаа 107 лица, а 400 беа повредени кога во силно невреме еден кран се урна врз Големата џамија во Мека. Вчера на железничката станица во Мина, во големата турканица околу 200 лица доживеаја колапс. Сообраќајот беше нарушен поради технички дефект.

Најтешката несреќа досега се случи во Мека во 1990. година, кога во голема турканица загинаа повеќе од 1400 лица.