1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во Зимбабве без разврска

12 април 2008

Ни две недели по изборите, нема објавено официјални резултати. Претседателот Роберт Мугабе опстојува врз власта. Опозицијата одвај го задржува мирот

https://p.dw.com/p/DgZk
Расте напнатоста во земјатаФотографија: AP

Се чини дека ни самитот нема да го одврати од курсот по кој оди претседателот на Зимбабве Мугабе. Државната изборна комисија во петокот соопшти само дека и’ се врзани рацете додека за изборниот резултат се расправа во највисокиот суд на земјата. Пресудата е најавена за в понеделник.


Ова е уставен пуч, тврди опозицијата


„Одложувањето на објавувањето на резултатите и неспособноста на режимот во Хараре да се откаже и да ја предаде власта на оние кои фактички беа избрани, според наше гледање е уставен пуч“ - вели Тендаи Бити, генерален секретар на главната опозициона партија. Таа објави дека не сака да учествува во втор круг на претседателските избори, оти нејзините сметки се дури и пониско правени од реалниот резултат и победата на нејзиниот претседателски кандидат Цвангирај е неспорна.


Очекувања од самитот


Сега сите надежи се насочени кон вонредниот самит на Заедницата на држави од југот на Африка. Бити побара од лидерите на тие земји да го наведат Мугабе да се повлече. Вонредниот самит е прв успех на дипломатијата на опозиционата МДЦ-партија, подржан и од Боцвана, чиј министер за надворешни работи Панду Скелемани се понуди како посредник.

„Постои непосредна опасност жителите на Зимбабве да ги напушти трпението. Апелираме до нив, никому да не му дадат ни најмал повод да го напушти мирниот пат што го доживуваме досега. Подобро е да почекаат уште ден-два, отколку сите ние потоа да се каеме“.

Мугабе и Цвангирај се поканети во Лусака, но Мугабе соопшти дека нема да учествува на самитот. Ситуацијата во земјата се’ повеќе се подгрева од страна на милицијата верна на Мугабе. Набљудувачи велат дека во сите делови на земјата доаѓа до насилни акции против приврзеници на опозицијата.

►◄